Гео-термалното поле Лардерело-Травале во централна Италија е место на кое првпат во историјата е искористена топлината на планетава за генерирање струја. Тоа со експеримент е направено уште во 1904 година (кога ние уште се чудевме каде заебавме работа со црешовото топче) кога е создадена струја доволна да засветлат само пет сијалици. Денес на истото поле се произведува 10% од глобалната гео-термална струја.
Бушилката со најамбициозна мисија е Венеле 2 која успеала да стигне околу 3,2 километри под површината. Дојдена е на 50 метри од недоволно истражената граница која го дели цврстиот камен близок до површината од многу поеластичниот состав кој се наоѓа под таа граница. А под сето тоа е она што го бараат, таканаречените суперкритични флуиди кои истовремено имаат својства и на течност и на гас. Ако се успее да се искористи нивниот енергетски потенцијал, стануваат неограничен извор на еколошки чиста енергија. Идејата е до нив да се инјектира вода па таа да се враќа на површината и да врти турбини.
Моментално се престанати со работи поради екстремните услови кои бараат дополнителни инженерски измени на планот и материјалите. Имено, таму кај што се сега, притисокот е 300 пати поголем од оној на површината на земјата а температурата оди накај 600 степени. Дополнително, материјалот кој се пробива е многу корозивен па практично ја уништува опремата која се симнува долу.
На ваков начин сосема е можно да се создаде земјотрес ако бушењето предизвика придвижување на поголеми камени плочи. Јужна Кореја лани го почувствува вториот по јачина земјотрес во својата историја, предизвикан од експериментирање со геотермални извори. Неколку години претходно, истото му се случи и на Базел, Швајцарија.