Во 2014, холандскиот суд донесе одлука дека Русија на сопствениците на Јукос треба да им плати 50 милијарди долари, во 2016 повисок суд ја поништи таа одлука. Со денешната одлука се поништува ослободувањето од казна од 2016, и Русија повторно се задолжува да ги плати парите. Последен чекор што руската држава го има на располагање е да се жали пред холандскиот Врховен суд.
Јукос аферата се смета за клучен момент на почетокот од владеењето на Путин, кој со апсењето од 2003 на основачот на компанијата и во тоа време најбогат Русин, Михаил Ходокорковски, на аеродром во Сибир „испраќа јасен сигнал до останатите олигарси дека нивните интереси од сега се потчинети на интересите на државата.“ По апсењето на Ходорковски, Јукос беше поделен на делови по основа на милијарди долари неплатен данок кон државата.
Она што допрва треба да се види е како Јукос ќе ја спроведе пресудата која отприлика е еднаква на 3% од рускиот БДП. Претставници на поранешните акционери во компанијата по пресудата изјавија дека најверојатно парите ќе се обидат да ги извадат преку Роснефт, руската државна нафтена компанија кој презема најголем дел од имотот на Јукос.