Тензиите меѓу САД и Иран отидоа на воденицата на Исис и сè повеќе има знаци дека таа група останува сериозна закана за Блискиот исток, наспроти загубата на териториите и смртта на нивниот лидер ал Багдади.
Во минатото Трамп неколкупати ги прогласуваше Исис за поразени и со тоа толку претера што на ланскиот самит на НАТО Макрон мораше в лице да му каже дека не е баш така.
Реалноста е дека Исис во моментов има повеќе борци отколку кога го прогласи Калифатот а имаат и силни милиони на располагање.
„Да, изгубија добар дел од раководството и многу способни луѓе но успеаа да стекнат искуство и во меѓувреме да придобијат ново членство, така што нивната сила не смее да се потценува,“ вели првиот човек на ирачкиот Курдистан, Масрур Барзани.
Проценките велат дека во моментов под оружје Исис држи околу 20.000 борци. Кога ги заземаа деловите на Ирак и Сирија и прогласија Калифат во 2014, имаа приближно десет илјади борци.
Проценките велат и дека на сметка во секое време имаат резерви од барем сто милиони долари.