Вести

Трезори за супербогати сто метри под Алпите

Швајцарска компанија копа мрежа од бункери длабоко под Алпите во која супербогати клиенти ќе можат да ги чуваат своите пари, накит, уметнички колекции, па дури и лимузини. За сума до 1 милион франци, клиентите добиваат апсолутна анонимност и право да складираат што сакаат во период од 99 години. Единствено е забрането внесување експлозиви и дрога.

Големите американски градови забрзано губат деца

Бројот на деца опаѓа низ целата територија на САД, но причината не е само рекордно ниската стапка на наталитет во земјата. Падот е особено изразен во големите градови. Во некои има повеќе жители, но помалку деца. Соочени со високите трошоци, нарушената безбедност и влошувањето на квалитетот на живот, семејствата со мали деца едноставно се селат во помалите места.

Кина го отвора Ледениот пат на свилата

Војната во Иран не само што ја остави Кина без нафта и гас од Персискиот залив, туку ѝ го блокираше главниот трговски канал до Европа. Тоа го охрабри Пекинг да ги забрза напорите да ја пробие алтернативната трговска рута, преку Арктикот. Брод натоварен со контејнери денеска ја отвора првата редовна линија од „Ледениот пат на свилата“ до Британија.

Речник

Трамп бара помош од приватни компании за хакерски напади

Администрацијата на Трамп охрабрува приватни компании да спроведуваат кибернетски напади против меѓународни хакери кои ги загрозуваат американските интереси или инфраструктурата. Со ова САД ќе можат да ја заострат војната на кибернетското бојно поле и притоа да отфрлаат директна одговорност – тактика што веќе ја користат Пекинг, Русија и Пјонгјанг.

Универзитет ги укинува оценките за да ги мотивира бруцошите

Универзитетот во Мичиген ќе го укине традиционалниот систем на оценување на студентите од првиот семестар за да не ги обесхрабри уште на почетокот од студирањето. Наместо оценки што одразуваат колку добро го совладале материјалот едноставно ќе бидат известени дали го положиле испитот. Харвард, пак, го заострува оценувањето за да ја поттикне конкуренцијата.

Украински дронови растуриле американска оклопна бригада на воени вежби

Американците ќе треба сериозно да го преиспитаат капацитетот за модерно војување на копно. На воени вежби во Германија, елитна оклопна бригада од базата Форт Худ во Тексас била разбиена при секое соочување со украински дронови управувани од ветерани од војната со Русија. Пентагон побара уште милијарди долари за системи за одбрана од дронови.

Долгиот ковид има преку 200 симптоми

Ковид знае да се претвори во продолжена ноќна мора и да потрае 3, 6, 12 па и повеќе месеци. И додека стандардните прегледи се фокусираат на белите дробови и на кардиоваскуларни тестови, голема глобална студија укажува дека болеста зафаќа дури десет органи.

Многу веројатно, речиси сигурно, Путин има работено Трамп да стане претседател на САД

Под наслов кој личи како да е напишан со многу адвокатски надзор „Документите од Кремљ изгледа дека го покажуваат планот на Путин да го стави Трамп во Белата куќа,“ Гардијан објавува дека стигнал до документи кои покажуваат дека Русија водела операција за мешање во американската демократија.

Лекција од Економист како да најдеш расизам секаде

За престижниот британски економски магазин еден од највоочливите делови од победата на Италија на Еуро 2020 е што во репрезентација од 26 луѓе немало ниту еден кој би можел да се смета за „обоен“, и ова според нив меѓу другото е победа и за Италијанската десница.

Уметност со силно презиме

Синот на американскиот претседател решил да стане уметник и наскоро негови дела ќе се најдат на продажба во Њујорк. Презимето на Хантер Бајден повлеквит па некои дела ќе се нудат и за 500.000 долари.

Кучкарите со ДНК ќе одговараат за изметот на милениците

Бидејќи и во Израел сите сопственици на кучиња го собираат изметот а тревниците и јавните површини пак се полни со „нагазни мини“ од нивните миленичиња, властите решија да престанат да се објаснуваат и да почна да водат регистар на ДНК на кучиња која ќе може да биде споредена со изметот најден на јавни површини.

Амазонската шума повеќе загадува со ЦО2 отколку што чисти

Најголемата дождовна шума на планетата испушта милијарди тони јаглерод-диоксид годишно, и наместо досегашното забавување на глобалното затоплување таа почна да го забрзува истото.

Болсонаро заврши во болница заради икање

66-годишниот претседател на Бразил е примен во болница да биде под надзор на докторите, откако повеќе од 10 дена не може да се запре со икање.

Англија е „системски расистичка“

Звучи како заклучок за Англија од пред 60-70 години, меѓутоа е од пред некој ден и е дел од извештајот за расната нееднаквост на островот испратен до Обединетите нации, во кој се алармира дека начинот на кој Владата се справува со расизмот може да доведе до прекршување на меѓународните човекови права.

Птиците не се вистински

Оваа голема вистина која сака да го потресе светот тлее неколку години но допрва зема замав во САД каде почнаа да држат и митинзи за освестување на рајата дека птиците не се вистински. Е, што се? Дронови, наивни едни.

Тејлор Свифт како дигитален полициски панцир

Во конфронтација со активисти на Блек Лајвс Метер, американски полицац од Калифорнија проба да се брани со - Тејлор Свифт. Јака финта, На овој за малку не му успеа, ама на македонски полицаец сигурно би му успеала. Ако оние со пола курс разберат за што зборуваме.

Венеција спасена од тиранијата на крстосувачките бродови

Италијанската влада ја прогласи лагуната околу Венеција за национален споменик, со што во пракса во водите на Венеција им се забранува пристап на гигантските крстосувачки патнички бродови.

Британците почнаа да шмркаат „етички“ кокаин

Како што има кафе и какао со „етичко потекло“ така сега на побогатите Британци им се нуди и еколошки кокаин со етичко потекло кој треба да им ги отстрани сите двојби дека грешат нешто.

За ЕУ не сите Астразенека вакцини се еднакви

Луѓе вакцинирани со Астразенека вакцина официјално можат да влезат во ЕУ, меѓутоа луѓе вакцинирани со Астразенека исто така и не може да влезат во Унијата. Многу е важно да знаеш од каде ти е вакцината.

Мел Гибсон тек сега нема да снима

Како да не му беа доволни напумпаните контроверзи за анти-семитизам и што ли беше уште, Оскаровецот направи нешто што Холивуд и идеолошки униформната елита која царува со тој бизнис тешко дека ќе му заборават и простат. Елем, го поздрави Трамп (му салутираше, чоече!) на еден настан од УФЦ. „Нека гори во пеколот неговата мртва кариера!“ инстинктивно проколнаа канселирачките одреди на либтардите.  

Може ли да бидеме нормални околу дебелината?

Секој што јавно те уверува и тврди дека е здраво или не е проблем тоа што си 30, 40, 50 кила потежок од тоа што треба, е идиот. Претерана килажа без никакво двоумење е фактор кој сериозно го влошува здравјето и ја зголемува веројатноста од смрт. И точка.

Со страв не се вадат луѓе на вакцинирање

Владата на Австралија сака да ја крене свесноста околу вакцинирањето со реклама со млада девојка врзана на машина за кислород која се бори да земе здив, и тоа е баш како не треба.

Сега ли најдовте да бегате?

Убер богатите досега купуваа приватни острови, авиони и подземни бункери. Сега сакаат да ни покажат дека им се може уште нешто - да ја напуштат планетава.  

Словенија на референдум праша дали може да се гради покрај вода. И не може!

Намерата на словенечката влада беше во име на инвестиции, напредок и луѓе без чувство за повисоки вредности да ја скрати сеопфатната заштита што ја имаат сите водни површини во земјата (заштитени со устав како национално богатство) и да дозволи повеќе градење покрај вода.

Колку е награда на лото да ја добиеш запленетата куќата на Ел Чапо?

Ранчови, вили, куќи и слични недвижности запленети од наркобосовите завршија во списокот на награди кои ќе се делат на лотаријата организирана од мексиканската влада.

Ловец на незаинтересирани пратеници

Човечки е од пратениците да се очекува исто ниво на пристојност во пратеничките клупи како што се очекува од првоодделенец во ученичка клупа, на пример, да не зјапаат/скролаат во телефон додека во тек е парламентарна седница.

90-годишна жена е прва што била заразена од две ковид варијанти истовремено

Случајот е од март а жената е од Белгија и не ја преживува болеста, и оди болница не заради ковид-19 туку затоа што дента паднала.

Параноиците дочекаа свои пет минути

Со децении мазно ќе одбиваш дури и да ги слушаш блесавите муабети дека мобилните телефони зрачат и дека од нив може да се добие рак или штотијазнам. И еден ден, ќе ти стигне токму таква вест од истражување на Беркли. Ој животе, не баш бенигна заебанцио.

За третата вакцина сè најдобро

Додека светот се убедува народ воопшто да почне да се вакцинира, Бионтек/Фајзер излегоа со нова студија според која лицата што примиле и трета доза од нивната вакцина имаат 5 до 10 пати повеќе антитела отколку овие со две дози.

Солунско бело

Во успешна акција на грчката полиција двајца Албанци се уапсени во Солун заради поседување посериозна количина кокаин. Во уште поуспешна анализа на грчкото обвинителство, истите двајца се ослободени.