Болсонаро заврши во болница заради икање

66-годишниот претседател на Бразил е примен во болница да биде под надзор на докторите, откако повеќе од 10 дена не може да се запре со икање.

Болсонаро бил однесен во воена болница во Бразилија во 4 часот наутро, откако по 10 дена икање почнал да се жали и на болки во стомакот. Од кабинетот на Болсонаро објавуваат само дека тој ќе биде задржан 48 часа заради следење на состојбата и дека претседателот добро се чувствува.

Во болницата пристигнал и хирургот што го оперираше Болсонаро откако беше прободен со нож во 2018 кратко пред да биде избран за претседател.

Изминативе денови здравјето на Болсонаро е главна тема во Бразил откако тој имаше неколку појавувања во јавност во кои беше видливо дека има проблеми со зборувањето.

Сомнежот е дека проблемите со икањето започнале по неговата стоматолошка операција, како последица на лековите што му биле препишани.

 

14 јули 2021 - 17:06