Забраната важи за бродови кои се потешки од 25.000 тони, подолги од 180 метри, повисоки од 35 метри или трошат повеќе од одредено количество гориво кога маневрираат. Одлуката која со децении ја бараа и чекаа жителите на Венеција и екологистите, почнува да важи од 1-ви август.
Италијанскиот премиер уште во април објави дека планира да го забрани бродскиот сообраќај во Венеција меѓутоа не даде датум. Забраната тогаш беше врзана со изградбата на ново пристаниште каде би можеле да се истоварат туристите, што би можело да трае со години.
Во одлуката од вторникот овој предуслов беше укинат, па забраната можеше да биде воведена во рок од неколку недели, а не години.
Итноста на одлуката да се забрани пристап на бродови кои носат илјадници туристи на ден, беше заради опасноста дека градот ќе биде ставен на црната листа на УНЕСКО на Загрозено светско наследство.
Во 2019 УНЕСКО ја предупреди Венеција за „штетата предизвикана од константниот наплив на крстосувачки бродови“. Кон крајот на неделава УНЕСКО треба да одлучува дали Венеција ќе биде ставена на црниот список.
Венеција кратко време имаше раат од крстосувачките бродови за време на пандемијата, меѓутоа изминатите недели тие пак почнаа да се враќаат и да вршат тортура врз градот и екосистемот во водите на Венеција.
Статусот национален споменик вообичаено се користи за уметнички дела или историски градби.