Муабетот им е дека од 1957 година до 2001, американските власти немилосрдно вршат масовна егзекуција на птиците, истребувајќи преку 12 милијарди единки. Паралелно со тој птицоцид, истовремено се врши нивна замена со летечки дронови кои нè снимаат и служат за шпионирање на целото граѓанство.
Отприлика, вака изгледа прототипот на птиците- роботи:
Последната вистинска птица била убиена во 2001, на денот кога се случува Перл Харбор. „Само навните не ја гледаат корелацијата“, велат на нивниот инстаграм профил.
Гласниците на овој госпел имаат и видеа со која ја докажуваат подмолната државна операција на замена на птиците со дронови:
И покрај урнебесноста на каузата, движењето успеа да направи протест во Спрингфилд, Мисури, со не баш мал број учесници:
Добро, ќе си кажеш, јасно е дека е ова заебанција односно сатира на рамноземјашите и другите слични конспирации. Ама, кога ќе ви викнеш на телевизија, порачуваат да се уозбилиме бидејќи не се работи за никаква шега. Пазете им го претставникот и како на водителката ветеранка не ѝ се верува што сè треба да работи:
Со сличен калибар е и вистината дека Австралија не постои, идеја која ја поддржаа околу 20.000 луѓе.