Користењето на мобилен телефон во просек 17 минути дневно во период од 10 години се поврзува со 60 проценти поголем ризик од добивање рак на мозок, со истражување утврдил директорот на Универзитетскиот центар Беркли за семејно здравје
Истражувањето, објавено во Меѓународниот журнал за истражувања на врските меѓу околината и јавното здравје покажало дека зрачењето од мобилните телефони го зголемува ризикот од рак, од бенигни тумори како и од невролошки и репродуктивни пореметувања. Ризиците на сличен начин се зголемуваат и од ви-фи.
Зрачењето од базните станици исто така предизвикува невролошки пореметувања кои вклучуваат главоболка, замор, проблеми со спиењето и меморијата и електромагнетна пречувствителност, додава Џоел Московиц.
„Како прво, минимизирајте ја употребата на мобилните телефони и другите безжични уреди и секогаш кога сте во можност користете фиксни сервиси. Ако користите мобилен, исклучете го неговото ви-фи и блутут ако не ги користите.“
За да го намалат ризикот, Московиц препорачува ваквите уреди да се држат најмалку 25 сантиметри од телото и главата, за да се намали изложеноста на зрачењето. Кога не се користат, да се држат во торба/чанта а ако мора да се стават во џеб, тогаш да бидат во авионски мод.
Професорот потсетува дека зрачењето на телефонот се зголемува кога мрежата е слаба.
„Мобилните телефони се дизајнирани да го зголемат зрачењето кога сигналот на мрежата е слаб, кога е на една или две линии на дисплејот. Исто така избегнувајте да ги користите во лифт или кола бидејќи металните структури му пречат на сигналот,“ вели Московиц.
Останува само уште за лимонот да ни откријат дека е канцероген и да ги прогласиме нашите животни уверувања за една маестрална заблуда.