Во новата студија таканаречните „засилувачи“ се дадени 6 месеци по втората доза на Фајзер. Периодот од 6 месеци е избран откако резултатите од Израел покажаа дека ефикасноста на вакцината опаѓа 6 месеци откако луѓето се целосно вакцинирани.
„Иако заштитата од сериозно заболување останува висока низ 6-те месеци, воочениот пад на ефикасноста против симптоматската болест со тек на време и постојаната појава на нови варијанти се главни фактори кои го водат нашето верување дека доза засилувач ќе биде неопходна за одржување на највисоки нивоа на заштита,“ се наведува во изјавата од Фајзер.
Во исто време американската Агенција за лекови и Центарот за контрола на болести објавија заедничко соопштение кое ја нагласува потребата прво популацијата да се вакцинира со основните две дози, пред да почне да се зборува за трета.
„Американците кои се вакцинирани во овој период немаат потреба од засилувач. ФДА, ЦДЦ и Националниот институт за здравје се вклучени во научен, ригорозен процес кој треба да утврди дали и кога ќе биде неопходен засилувач,“ се наведува во заедничката изјава.
Пред некое време слична порака како Фајзер околу третата вакцина имаше и Модерна, која користи иста технологија како Фајзер, дека во рок од 6 до 12 месеци по првите две ќе биде неопходно вакцинирање и со трета доза.
Модерна е на став дека третата доза ќе биде неопходна „затоа што вирусот нема да исчезне“.
Давањето на засилувач вакцина ќе треба да биде одобрено од здравствените власти.