„Имајќи предвид дека секој спортски настан може да има влијание на политиката, овој без сомнеж без наклонет кон десницата - и не кон само Лигата, туку и кон уште подесничарските Браќа на Италија, кои се во опозиција.
Најзабележителен аспект на италијанската 26-члена екипа пред да излезе на теренот беше дека, единствена од главните конкуренти за трофејот, таа немаше ниту еден играч кој би може да се смета за обоен,“ пишува Економист, кој забележува дека иако репрезентацијата имаше тројца играчи од Бразил, и тие беа со италијанско потекло.
Пофаќајќи по истиот извор кој беше причина за згрозување на глобалната јавност по финалето, Економист пренесува дека на социјалните мрежи имало негативни коментари уште кога прв пат се појавила тимската фотографија на Италија.
За да се надополни портфолиото на Италија, тие потсетуваат дека нивната репрезентација на некои натпревари воопшто не ни клечела во знак на поддршка на БЛМ, а и кога клекнувале чекале прво тоа да го направи противничката екипа.
За Економист италијанскиот пат кон расизмот почнува уште од најрана возраст кога децата на имигранти се одбиени од младинските екипи на клубовите и од младинската репрезентација само затоа што не се Италијанци. Сето ова за да им успее на Италијанците и да можат на сопствена штета да вадат чисто бела репрезентација без „обоени“, клучно е што децата на имигрантите во Италија можат да добијат државјанство дури откако ќе наполнат 18 години.
На истиот извор на кој се повикува Економист околу критиките за белоста на тимската фотографија на Италија, социјалните медиуми, коментарите околу барањето расизам во сè се движат од „демографијата на Италија совршено е одразена во репрезентацијата“, (црната популација во земјата е само 1,5% од вкупното население, што значи дека треба да има 0,39 играч црнец во тимот), до тоа „му текнало на некого да праша зошто сите репрезентативци на Гана се црнци?“
И покрај непотребното вразумување на луѓе чија цел е секој можен настан и случување да го искалат со сопствените агенди, Италија низ годините имаше црнци репрезентативци, пример Балотели, кога тие навистина го заслужуваа местото во репрезентацијата, за разлика од Еуро 2020 кога се покажа дека селекторот Манчини навистина на терен го извадил најдобриот состав што Италија го има во моментов.