Кога законот ќе стапи на сила сите сопственици на кучиња ќе мора на властите да им испратат ДНК од своите миленици. По ова инспекторите ќе почнат да собираат примероци од измет од улиците и да го споредуваат со податоците што ги имаат во базата.
Доколку им се поклопат резултатите, на сопственикот по пошта ќе му биде испратена казна. Освен казната, сопственикот ќе го плати трошокот за собирање на примерокот и тестирањето.
Градските власти објаснуваат дека имаат преземено повеќе мерки за сузбивање на проблемот со изметот, од давање бесплатни кеси за собирање измет, до изградба на повеќе паркови за кучиња, „меѓутоа тоа не ја намалува одговорноста на сопствениците на кучиња да се грижат за чистотата на јавните простори“.
Планот почнува во Тел Авив, каде властите се жалат дека секој месец собираат над половина тон измет од кучиња од градските улици и тротоари.