Уметност со силно презиме

Синот на американскиот претседател решил да стане уметник и наскоро негови дела ќе се најдат на продажба во Њујорк. Презимето на Хантер Бајден повлеквит па некои дела ќе се нудат и за 500.000 долари.

Експерти од Белата куќа помогнале да се состави договор за продажба на уметничките дела на Хантер Бајдер со кој би се минимизирал ризикот од скандали околу етичноста на набавките.

Делата на Хантер наскоро ќе се најдат на  продажна изложба во Њујорк и се проценува дека некои негови дела би можеле да постигнат суми и од по половина милион долари. Прашање е што се купува со тоа: дали само уметничко дело на артистот, дали звучното презиме или можеби тоа не е дел од некоја коруптивна зделка.

Стручњаци велат дека делата на Хантер Бајден никогаш не би постигнале такви цени ако одеа под друго презиме. А на 51 годишниот Хантер не му е првпат да заработува од презимето, ако се сетиме на неговото учество во управниот одбор на украинската енергетска компанија Буризма (за 50.000 долари месечно), додека татко му беше потпретседател на САД или пак наводите дека зел 10 милиони долари од еден кинески милијардер, само затоа што вториов имал чест да го запознае.

„Целата работа е многу лоша,“ вели Ричард Пеинтер, советник на Џорџ Буш за етички прашања. „Тешко дека некого ќе убедите дека Хантер не заработува на тоа што е син на претседателот а и цените на сликите се ужасно високи“.

Бидејќи купопродажбата на уметнини е прочуено дискретна работа, можно е слика да купи некоја странска влада или лоби група која подоцна тоа ќе го искористи во своја полза.

„Бидејќи не знаеме кој купува и не знаеме колку Хантер знае за тоа, немаме начин да следиме дали некој си купува пристап до Белата куќа. Јасно е дека луѓето го купуваат презимето на Хантер,“ вели Волтер Шауб кој ја водел канцеларијата за етички прашања на американската влада од 2013 до 2017 година.

15 јули 2021 - 09:54