„Драги милијардери, никого не го интересира кого ќе победите во вселенската трка“ пишува во Атлантик Шерон Стироне.
Првенствено мисли на вториот најбогат човек на светот, Џеф Безос, кој на 20-ти јули планира да се запука вертикално со ракета од сопствено производство, и на Ричард Бренсон (едвај 589-ти на листата на светски богаташи) кој подоцна најави дека ќе полета дeвeт дена порано од Безос.
Бренсон ќе добаци само 80 километри над Земјата а Безос ќе нагази плус 19 километри но таму ќе остане вкупно 4 минути.
Скромни се тоа домети ама сепак, ПР-от е дека одат во „вселената“.
„Има ли полошо време за убер богатите иматели на ракети да тргнат кон темнината? Во време кога климатската криза навистина почнува да се чувствува како криза, во година на рекордни суши и поплави, штотуку излезени од шокот на пандемијата. Планетава денес е место кое многумина од нас би го напуштиле но тоа можат да си го дозволат само ултра богаатите.“ пишува Стироне потсетувајќи дека луѓе како Безос, Маск и Бренсон можат многу да направат за планетава наместо да си ги мерат во безвезната „вселенска“ трка.
Досега купуваа приватни острови и флоти од авиони и градеа подземни бункери за да го преживат апокалиптичниот крај, сега ни покажуваат дека крајот можат да го избегнат напуштајќи ја планетата.
Стироне остава можност дека иако краткраен, престојот на ултрабогатите таму горе, можеби ќе ја промени нивната перспектива и дека можеби ќе доживеат некоја епифанија, како што тоа редовно им се случува на астронаути кои токму таму сфаќаат колку нашата планета е убава, мала но и фрагилна.
„Сепак, не би се кладела на тоа“, пишува таа.