Критиката е дека прво не можеш со страв да ги тераш луѓето да се вакцинираат, и второ, дека старосната група на која и припаѓа девојката воопшто не е дојдена на ред да се вакцинира.
За др. Џесика Кофман од Мурдок институтот за детски истражувања рекламата „многу, многу силно се наклонува кон заплашување и страв“, што според нејзе може да го зголеми колебањето околу вакцината, а затоа што во неа се користат актери, таа може да биде перципирана како манипулативна и да ја зголеми недовербата во владата.
„Посебно кај вакцинацијата видовме дека кампањите или пораките за застрашување околу болестите може всушност да направат луѓето да бидат поуплашени од нус-појавите на вакцините.
Тие ги таргетираат младите луѓе затоа што мислат дека младите луѓе се оние што ги прекршуваат правилата во Сиднеј. Меѓутоа сето ова е заматено и со пораката: останете дома, а исто така и закажете ја вашата вакцинација за која не сте дојдени на ред бидејќи немаме доволно вакцини,“ изјавува Кофман.
Докторката претходно како дел од тим работи на истражување на прифатеноста на вакцините, вклучително и за проект на владата на Викторија, во кој заклучуваат дека тоа што функционира се „стории од вистински луѓе, комбинирани со пораки во кои се таргетираат конкретни заедници.“