Јавното обвинителство во Грција ги ослободува двајцата мажи и признава дека белата прашкаста супстанца запленета кај нив е лепак за дрво кој кристализирал заради високите температури.
Заклучокот е од државната лабораторија која ја анализирала супстанцата што им ја донеле од полиција, од каде заклучиле дека главниот грев на уапсените е што премногу долго го оставиле лепакот во багажник на сонце.
Двајцата биле во притвор 2 дена, дур да дојдат резултатите од лабораториската анализа, по што биле пуштени на слобода и им биле вратени парите, мобилните и возилото што им било запленето.