
„Фламанските скролачи“ е проект на дигиталниот уметник Драјс Депуртер во кој софтвер го следи преносот од фламанскиот парламент и ги лови пратениците колку време дремат на телефон за време на седниците.
Софтверот го следи преносот на Јутбјуб и ако идентификува дека некој користи мобилен уред, го сече клипот и јавно го објавува на Инстаграм и Твитер сметките на Флемските скролачи.
Таму сите ги идентификува по корисничко име, и ги замолува да се фокусираат на расправата.
Кога нема седница во тек софтверот се префрла на анализирање и учење од архивираните седници. За сега не се објавени постари прекршоци.
Пред две години фламанскиот премиер Жан Жамбон беше фатен како игра Енгри брдс за време на една дебата.