90-годишна жена е прва што била заразена од две ковид варијанти истовремено

Случајот е од март а жената е од Белгија и не ја преживува болеста, и оди болница не заради ковид-19 туку затоа што дента паднала.

Иако пациентката е примена во болница без никакви симптоми, кај нејзе се откриени алфа и бета сојот на ковид (британски и јужноафрикански). Таа умира пет дена по хоспитализирањето, по рапидно влошување на респираторните проблеми.

Белгиските здравствени власти објаснуваат дека во март и двете варијанти биле во оптек во земјата па најверојатно жената била во контакт со двајца заразени.

Тие се уште немаат објавено како двата соја егзистирале паралелно еден со друг, и дали тоа дополнително ја влошило состојбата на жената.

Жената не била вакцинирана, главно затоа што во тоа време Белгија немаше пристап до доволно вакцини.

12 јули 2021 - 09:23