Долгиот ковид има преку 200 симптоми

Ковид знае да се претвори во продолжена ноќна мора и да потрае 3, 6, 12 па и повеќе месеци. И додека стандардните прегледи се фокусираат на белите дробови и на кардиоваскуларни тестови, голема глобална студија укажува дека болеста зафаќа дури десет органи.

Студијата која е објавена во Лансет, а се темели на податоци од 56 држави, идентификувала вкупно 203 симптоми на ковид, од кои 66 биле присутни најмалку седум месеци.

Регистрирано е дека болеста зафаќа десет органи и системи во телото и поради тоа истражувачите апелираат да се поработи на клиничките протоколи кои сега главно се занимаваат со респираторна рехабилитација.

„Точно е дека недостатокот од здив е чест и загрижувачки проблем но симптоматологијата е многу покомплексна и клиниките мора да бидат подготвени тоа да го регистрираат“, вели Атена Акреми, една од авторите на студијата, инаку невролог на Универзитетскиот колеџ во Лондон.

Таа самата има симптоми кои не ѝ поминуваат 16 месеци откако ја прележала болеста и вели дека наоколу има којзнае колку илјади луѓе кои секојдневно имаат здравствено проблеми но не се сигурни дали се тие поврзани со нивното заболување од коронавирус.

Симптомите се баш шаренолики и меѓу нив има малаксаност, тн мозочна замагленост, тремор, визуелани халуцоинации, зуење во ушите, сврабеж на кожата, изместување на менструалниот циклус, сексуална дисфункција, срцебиење, проблеми со контрола на бешиката, губење меморија, дијареа....

Учесниците во студијата во просек пријавиле по 13,8 симптоми кои траеле седум месеци.

Студијата забележува дека 22% од луѓето со продолжен ковид веќе не работат (или биле избркани, или земале подолго боледување или дале отказ) а 45% барале намалување на работните обврски.

15 јули 2021 - 21:42