Вести

Левицата бара Германија да плаќа „климатски репарации“

Партијата на левицата не се откажува од напорите да го продлабочи чувството на историска вина меѓу Германците. Сега бара од владата во Берлин да се обврзе да им плаќа отштета на сиромашните земји низ светот затоа што Германија низ сопствениот индустриски развој во изминатите два и пол века претерано испуштала гасови од фосилни горива. 

Армијата на САД вежба масовни погребувања војници

Инженерски единици на американската Армија повторно почнаа да обучуваат да копаат привремени масовни гробници на бојно поле, активност што ниту се практикувала ниту била потребна уште од Корејската војна во 1953 година. Низ обука поминуваат и свештеници. Целта е да се зачуваат телата на паднатите борци и достоинствено да се испратат со верски обреди. 

И дата-центрите изгубија на изборите во САД

Милијардерите од Силициумската долина се дупли губитници на изборите во САД. Не само што им „изгореа“ стотиците милиони долари што ги вложија во кампањите на републиканските кандидати, туку им на локално ниво им беа блокирани проекти за изградба на центри за податоци од кои долгорочно очекуваа приходи од милијарди долари.

Речник

Германија сака со златото и армијата на Полска да војува со Русија?

Слично како што нацистичка Германија ѝ го заплени златото и моќниот воено-индустриски комплекс на Чехословачка пред Втората светска војна, битката за Уставниот суд во Варшава отвора сомневања дека денешна Германија планира да ги преземе златните резерви на Полска и да ја стави под своја контрола нејзината армија во пресрет на можна војна со Русија до 2030 година.

Каде зариба медиумската машина на Вучиќ

Медиумите блиски до Вучиќ во предизборната кампања беа најгласни во печатените изданија и на телевизија, но ја изгубија битката бидејќи другата страна ја концентрираше својата активност таму каде што навистина е насочено вниманието на гласачите. Помладите гласачи, кои се и поактивни во дигиталната сфера, до информациите доаѓаа од социјалните платформи.

Јастребите ги соборија републиканците

По катастрофалниот пораз на републиканците на изборите за Конгресот, јастребите околу Доналд Трамп се стремат да го прикријат очигледното: претседателот и неговата партија го прекршија своето ветување за мир, започнаа лошо замислена војна со Иран и со тоа уште повеќе ја влошија кризата за која беа избрани да ја решат.

Брисел, европскиот град на макроата

Kратка прошетка јужно од зградата на Европскиот парламент во Брисел води кон Авенијата Луиз, одговорот на белгиската престолнина на Шанзелизе - делница од три километри со луксузни ресторани и луксузни хотели во убави згради. Некои доаѓаат тука за дизајнерските бутици. Други доаѓаат за секс.

САД депортира Иранци во Африка

Пред и за време на нападот на Иран, официјален Вашингтон изразуваше длабока загриженост за човековите права во Иран и состојбата на луѓето под власта на теократскиот режим. Такви страдалници се оние кои некако успеале да избегаат од земјата, да дојдат во ветената Америка и таму да побараат азил. Но, Америка им покажа други сценарија за нив. 

Украина стана махер за воени иновации

Војната може да поттикне значителни иновации (или пропаганда, зависи како ја читате веста од британски Телеграф), а тоа го покажува и руско-украинскиот конфликт. Министерството за одбрана на Украина соопшти дека за само еден месец произвеле 175 нови системи за оружје, од кои 95 проценти се комплетно од домашно производство. На Америка ѝ требаат десет години за да скоцка два нови.

Ништо не може да ја спаси Кина од демографски колапс

Намалувањето на населението на Кина е толку силно изразен што дури ни враќање на нивото на фертилитет не може да спречи намалување на населението за 40% до крајот на овој век. Се намалува бројот на жени на репродуктивна возраст и никакви пари и стимулации од владата не можат да произведат жени кои никогаш не се родиле.

Трамп и Путин сакаа брзи победи. Добија вечни војни

Доналд Трамп и Владимир Путин почнаа војни што не можат да ги завршат. И двајцата очекуваа нивните непријатели да капитулираат за неколку недели. И двајцата ги игнорираа советниците дека победата нема да дојде толку лесно. И двајцата сè уште веруваат дека можат да го диктираат исходот. И двајцата се изолираа во меури од ласкање и незнаење.

Маск брои пари во билиони

Илон Маск одбројува до моментот кога ќе стане првиот билионер. Вечерва на берзата ќе се појави неговата SpaceX, која од иницијалната јавна понуда на делници (IPO) веќе собра 75 милијарди долари и доби историски најголема почетна вредност од 1,7 билиони долари. Не дека досега му беа малку милијарди - повеќе од БДП-то на неговата родна Јужна Африка.

Париз и Берлин бараат да се укине дипломатската служба на Каја Калас

Членки на ЕУ не сакаат повеќе да трошат по 1 милијарда евра годишно на паралелната дипломатска служба под команда на Каја Калас, која не испорачува резултати, а притоа е во судир на надлежности со Европската комисија. Политичките пресметки и неефикасниот дипломатски апарат ја направи ЕУ нем посматрач на големите геополитички промени.

На европските сојузници им фали дигитална кичма

Операцијата Епски бес против Иран откри колку е важен дигиталниот „облак“ за логистиката на современите војни. За време на кампањата максималната дневна употреба на систем за таргетирање со ВИ на Пентагон се зголеми за 4.425%. Тоа е недостижно за европските сојузници, кои немаат свој „облак“, секој влече на своја страна и не можат да усогласат стандарди.

Британија стана посиромашна од Мисисипи

Кој ја скрши Британија? Изминатите 18 години, цела изгубена генерација, не донесоа ништо друго освен стагнација и масовно разочарување. Некои ја обвинуваат лошата среќа - финансискиот крах, пандемијата и енергетската криза. Но, и други земји ги издржаа овие предизвици. Она што ја разликуваше Британија беа нејзините самоубиствени одговори на овие и други проблеми.

Иран го прифаќа ризикот да војува

По кревкото примирје, војната на САД со Иран преминува во нова фаза, во која Техеран свесно и пресметано го прифаќа ризикот да биде цел на нови бомбардирања. Иранците имаат волја, а убедени се дека имаат и капацитети, во одмазднички напади да нанесат непропорционално поголема штета врз американските сојузници во регионот од онаа што самите ќе ја претрпат.

Трамп ја претвори Америка во најголемото казино на светот во кое сите губат

Популарноста на платформите за предвидувања како Калши и Полимаркет, во кои се споени коцкањето и политиката, не е воопшто чудна со оглед на историјата на Трамп како неуспешен казино магнат соочуван со обвиненија за инсајдерско тргување. Како претседател тој охрабри систем што ја претвора земјата во „најголемото казино во светот“, во кое губат Американците.

Објаснување на моќта на Трамп: Глупоста е поопасна од злото

Злото може да се препознае и да му се пружи отпор. Глупоќата е имуна на критика, меѓу другото, и затоа што глупавите луѓе - не сфаќаат дека се глупави. Како таква, глупоста и нејзините носители се моќна алатка за манипулација на оние злонамерните. Кога тоа ќе се спои со авторитарни пориви во базата, целата државна структура станува стабилна пирамида од некомпетентни лица кои мислат дека се најјаки. 

Милеи сака ВИ да има свои фирми во Буенос Аирес

Додека цел свет бара начин како да ја регулира вештачката интелигенција, а притоа да не го запре нејзиниот развој, Аргентина оди во спротивна насока и тоа „ол ин“ – сака да ѝ дозволи на ВИ да поседува и да управува компании во кои не мора воопшто да има луѓе. Целта е да ги привлече технолошките гиганти да развиваат нови модели без никакви ограничувања.

Варварството во Белфаст

Сликата како осомничениот во Белфаст замавнува со крваво задоволство додека неговата исцрпена жртва се бори за својот живот ќе остане врежана во умовите на луѓето. Заслужува да стане дефинирачка слика во животот на британската нација. Бидејќи мрачно ги отелотворува двојните ужаси на убиствената намера на поединецот и убиствената рамнодушност на државата.

Трамп предвидува: Биби може да се повлече од политичкиот живот

Трамп го продлабочи раздорот со Нетанјаху со неочекувана  изјава дека израелскиот премиер можеби нема да се кандидира за реизбор, па дури и ќе се повлече од политичкиот живот. Ставот на Трамп се поклопува со новите анкети: Мнозинството Израелци не сакаат Биби да се кандидира за вонредните избори кои ќе се одржат до крајот на октомври.

Доаѓаат на колеџ, уште не знаат да читаат

Долго време, просветлениот дел од постарите генерации се секираа каква тоа планета им оставаме на младите, со оглед на сите еко кашкаици што ги имаат направено. Но, се менуваат работите.  Гледајќи ги перфомансите на младите генерации, добар дел од нив сега повеќе се прашуваат на кого тоа ќе ја оставиме плaнетава. 

Невозможно е да се оправда астрономската вредност на SpaceX

SpaceX на Илон Маск задутре треба да излезе на берза со пазарна капитализација од 1,75 билиони долари. Таа астрономска сума практично е невозможно да се оправда со финансиска математика. За да ја оствари реално, компанијата треба да ги зголеми своите приходи 60 пати и да се развива поспектакуларно од кој било друг потфат во историјата на капитализмот.

Ѕверски напад од Суданец го запали Белфаст

Во Белфаст синоќа еруптираше гневот поради бранот свирепи напади од омраза врз британски граѓани. Само една недела откако во Саутемптон студентот Хенри Новак беше избоден до смрт, имигрант од Судан среде улица во Белфаст се обиде да му ја отсече главата на случаен минувач. Откако се прошири снимката на ѕверскиот напад, разгневени толпи палеле домови на мигранти.

Мета сака со паметни очила да снима лица

Мета во своите „смарт“ очила поврзани со мобилните вградува алатка со ВИ за препознавање биометрија на лица. Компанијата на Закерберг се брани дека технологијата сè уште е во фаза на истражување и дека нема намера да ја загрози приватноста на луѓето. Досегашните искуства со Мета сепак ја оправдуваат превентивната тактика да се предупреди додека не стане прекасно.

Австралиското вино старее како бензин

Исус од водата правеше вино. Австралија го има стотици милиони литри отповеќе, па сака од виното да прави гориво за коли и авиони. Технологијата го овозможува тоа, бидејќи виното е веќе е етанол и може да се користи како биогориво во мешавина со бензин. Но, процесот на дестилација е скап, па без владини субвенции преточувањето не би им се исплатило на лозарите.

Западот е сето она што ви рекоа дека е Кина

Западот станува авторитарен, користејќи ги истите алатки за кои некогаш тврдеше дека се ексклузивен домен на неговите непријатели. Се разбира, ништо од ова не е случајност. Тоа е логичен потег на империја која со децении проектираше насилство надвор, додека ја одржуваше фикцијата за својата невиност дома. Западот не е спротивност на авторитарните режими што ги осудува. Западот е сè што ви кажуваше дека се овие „режими“.

Америка не може вечно да го бомбардира Иран

Трамп е принуден да го одржува кревкото примирје со Иран затоа што неговите сили потрошија половина од ракетите веќе во првите 39 дена од војната. За да ги надомести ќе поминат години. Затоа може да се покаже дека најважната последица од војната во Иран не се мери со она што е уништено, туку според тоа колку оружје им останало на САД во арсеналот

Денес има 65 војни, најмногу по Втората светска војна

Никогаш досега по Втората светска војна немало толку многу војни и жртви на оружени конфликти. Особено загрижува бројот на директни судири помеѓу земји – дури осум, што е рекорд во изминатите 80 години и двојно повеќе отколку претходната година. Како тргнало, со војната на САД и Израел против Иран, оваа година може да биде уште полоша.

Кина отвори подводен дата-центар за ВИ

Додека големите компании од Силиконската долина бараат локации, струја и вода за своите огромни погони за ВИ, Кина веќе го отвори подводен центар за податоци, целосно под вода, природно разладуван од морето и напојуван со струја од ветерници над површината. Изградбата е поскапа, но таквиот систем долгорочно заштедува една четвртина од струјата.