Допрва ќе биде весело

Доаѓаат на колеџ, уште не знаат да читаат

Долго време, просветлениот дел од постарите генерации се секираа каква тоа планета им оставаме на младите, со оглед на сите еко кашкаици што ги имаат направено. Но, се менуваат работите.  Гледајќи ги перфомансите на младите генерации, добар дел од нив сега повеќе се прашуваат на кого тоа ќе ја оставиме плaнетава. 

Упатство за постари: Генерација З се оние родени на крајот на 90-тите и почетокот на 2.000 и се првата генерација растени со смартфони и социјални мрежи како нивно секојдневие, еко -систем кој ја има обликувано нивната комуникација, однесување и вредности.

Една од карактеристиките на Ген З е што им вртат грб на книгите со рекордно темпо. Резултат? Доаѓаат на колеџ неспособни да прочитаат цела реченица. На установите не им останува голем маневарски простор освен да ги намалат очекувањата. 

Една искусна професорка се сеќава дека порано се чуделе кога деца им доаѓале недоволно подготвени за критично мислење. Сега сфаќа дека тоа биле златни времиња.

„Ова денес не е неспособност за критичко размислување, ова е неспособност за читање реченици“, вели Џесика Хутен Вилсон, професорка по хуманистички науки на Универзитетот Пепердин. 

Нејзиното искуство одразува поширок тренд: речиси половина од сите Американци не прочитале ниту една книга во 2025 година, а навиката се намалила за околу 40% во текот на последната деценија.

Дури и заедно со младите луѓе кои го прифаќаат BookTok, подзаедница на ТикТок посветена на книги и литература, навиките за читање на генерацијата З сè уште заостануваат зад сите други генерации.

„Дури и кога читате на час заедно со нив, многумина не можат да ги процесираат самите зборови што се на страницата,“ вели професорката.

Поради ваквата реалност, дел од професорите тивко решиле да ги намалат стандардите и очекувањата, што е дел од ден друг тренд на додворување кон младите. 

Неко професори ќе речат дека проблемите се имаат родено во пораните фази од образованието, кадешто на читањето се гледа како на средство за постигнување на цел (оценка), а не како задоволство или навика. Години и години стандардизирано бирократизирано тестирање, имаат формирано генерации ученици кои скенираат информации, наместо да навлезат во слоевите на текстовите.

„Тие се обучени за скенирање, што е корисно за навигација низ вести на интернет, но многу помалку ефикасен начин за ангажирање со густи романи или филозофски дела“, вели Тимоти О' Мали, професор по теологија.

Други го забележале генерацискиот проблем со самодовербата. Брук Вучковиќ од Келог школата за менаџмент на Нортвестерн, вели дека околу 40-50% од нејзините студенти се опишуваат себеси како почетници или не баш добри читатели, но откако ќе бидат охрабрени да почнат да читаат, промената може да биде моментална.

И покрај отстапувањето на генерацијата З од читањето, навиката останува популарна меѓу ултрабогатите. Анкета на ЏејПи Морган од 2025 година на повеќе од 100 милијардери покажа дека читањето се рангира како врвна навика на оние што се или целат да бидат елита. 

10 јуни 2026 - 10:28