Три психолошки концепти се основа на автократскиoт импулс на Доналд Трамп: ориентацијата кон социјална доминација, ефектот Данинг-Кругер и теоријата на глупост на Бонхефер, смета аналитичарката Брин Танехил.
Дитрих Бонхефер беше лутерански пастор и теолог кој се спротивстави на Хитлер и нацистите и зборуваше против убивањето лица со попреченост и прогонот на Евреите. Теоријата на глупост на Бонхефер тврди дека глупоста е поопасна од злото, бидејќи глупоќата лесно може да биде манипулирана и експлоатирана од злите сили. Злото е препознатливо и може да му се пружи отпор додека глупоста е сила што е имуна на разум и критичко размислување, што ја прави моќна алатка во рацете на оние кои сакаат да нанесат штета.
Глупоста не е само недостаток на интелект, туку „намерно одбивање да се ангажираме со разумот и вистината“. Тоа сугерира дека глупавите луѓе лесно се водат и контролираат, што ги прави идеални алатки за злонамерните.
Истовремено, МАГА приврзаниците покажуваат висока „Ориентација кон Социјална Доминација“ (ОСД), лична карактеристика што ја одразува преференцијата на поединецот за хиерархиски структури и доминацијата на некои општествени групи. Поединците со висок ОСД имаат тенденција да поддржуваат хиерархии и нееднаквост базирани на групи, додека оние со низок ОСД фаворизираат поегалитарни општествени структури.
Конечно, пишува Танехил, „ефектот Данинг-Кругер е феномен каде што луѓето кои не знаат многу за одредена тема имаат тенденција да го преценуваат своето знаење или вештина во таа област. Спротивно на тоа, експертите во таа област може да ја потценат својата компетентност, бидејќи ја разбираат сложеноста на темата или вештината за која станува збор (Види: Зошто некомпетентните секогаш мислат дека се најјаки? или само разгледај коментари по социјални мрежи или запамти: лицата со помала компетентност не можат реално да си ја проценат должината на интелектуалната черга, токму поради тоа што се - парадоксално - недоволно компетентни.).
Трамп ја наполни владата со некомпетентни ликови, опкружувајќи се со луѓе кои ги преценуваат своите способности затоа што веруваат дека нивните идеологии или богатство ги прават подобри од експертите. Пит Хегсет никогаш не бил ништо повеќе од мајор во Националната гарда, но убеден е дека е на правата шпозиција затоа што бил христијански воин. Линда Мекмахон беше извршен директор во проифесионално борење, сега го води Министерството за образование. Танехил пишува дека целиот владин апарат за здравствена заштита е полн со луѓе кои „направиле сопоствено истражување“, пијат сирово млеко, отрфлаат вакцини и не се убедени дека бактериите носат болести.
Поради сето ова, САД денес се џиновска Данинг-Кругер пирамида. Од врвот до дното, системот сам се засилува. Поголемиот дел од дезинформациите што ги пласира владата не се особено веродостојни за луѓето кои се добро информирани и способни за истражување и критичко размислување. За другите, ова мноштво лаги ги тера да мислат дека вистината е недостапна.
„Како резултат на тоа, многу неинформирани гласачи стануваат уште помалку информирани бидејќи повеќе не ја бараат вистината“, пишува аналитичарката.
