Колку ве бива со пари? Или за читање на туѓите емоции? Колку сте здрави во споредба со луѓето што ги познавате?
Да си ги знаеш вештините во однос на другите е корисно на повеќе начини, но психолошки истражувања покажуваат дека баш и не нѐ бива за проценување на самите себе. Поточно, често имаме тенденција да ги преценуваме сопствените способности.
Ова се вика Данинг-Кругер ефект. Тоа е кога ќе станеш директор на фирма, пратеник или министер без грам искуство за позицијата.
Или кога кажуваш кој што треба да јаде, без да имаш завршено школо за тоа.
Или кога кажуваш дали некое уметничко или книжевно дело е добро, без разлика што не следиш уметност, или не читаш книги.
Или кога не се разбираш во медицина, ама тврдиш дека твоето мислење е закон.
Кај поблаги примери, да речеме, едно истражување покажува дека 88% од американските возачи се сметаат за натпросечно способни за управување со возило.
И токму и таму лежи проблемот со Данинг-Кругер ефектот и кај екстремните и кај благите примери, затоа што колку си понекомпетентен, толку си понеспособен да процениш дека не си. А ако си на позиција на моќ, па најблаго кажано, не е само твој проблемот.