Вести

Елитниот Кембриџ се поднови. Со чучавци.

Локалната власт во градот Кембриџ потроши милионска сума за серија јавни вецеа со концепт чучавци. Направено е тоа за да се задоволеле некои специфични културолошки преференци на дел од туристите кои го посетуваат градот. Локалците сега мрчат затоа што треба да платат за да чучнат. 

Старите далноводи се одговорни за катастрофалните пожари во Грција

Застарената надземна електрична мрежа е одговорна за најразорните шумски пожари во Грција во текот на оваа сезона. Бројот на пожари од далноводи е релативно мал, но огнот вообичаено избувнува на непристапно место со сува вегетација и ветровите лесно го шират во катастрофа. На Грција ѝ требаат 35 милијарди евра за да закопа кабли во должина од 120.000 километри.

Чудо во Германија:

Црквите губат верници, но добиваат повеќе пари

Стотици илјади верници секоја година ги напуштаат католичките и протестантските цркви во Германија, но црквите сепак добиваат повеќе пари од задолжителните даноци. Зголемувањето на просечните плати и прогресивниот даночен систем значат дека намалениот број регистрирани верници секоја година издвојуваат повеќе пари за црквата.

Речник

Неписмените работници во САД заработуваат како просечните во Британија

Иако младите Британци се квалитетно образувани, тоа не им е гаранција дека на пазарот на труд лесно ќе најдат работа и ќе добијат плата соодветна за знаењата и вештините што ги стекнале. Економската стагнација ги пренасочува кон работни места за кои се преквалификувани и им ги зголемува фрустрациите поради тоа што заработуваат помалку од неписмени работници од САД.

Никој во ЕУ не знае кој ќе го плати заемот од 90 милијарди за Украина

Првите транши од заемот на Европската Унија за Украина во вредност од 90 милијарди евра почнаа да се исплаќаат од јуни. Иако некои земји-членки се изземени од финансиските обврски поврзани со заемот, се поставува прашањето: кој на крајот ќе го сноси товарот? Очигледно, ниту самата Европска комисија не го знае одговорот.

Го извлекле Трамп од „Ер форс 1“ во камионче за храна?

Доналд Трамп тајно ја напуштил Турција минатиот месец со воен авион, а не со претседателскиот „Ер форс 1“, во кој патувале неговата придружба и новинарите. Таква тајна операција за заштита на претседателот на САД била спроведена само неколку пати досега. Причината биле сериозните закани за атентат врз Трамп од страна на Иран, тврдат извори на „Вашингтон пост“.

Ковид приказна обвиткана во чад

Една научна студија по друга, истражувачи доаѓаат до сознанија дека пушачите се под помал ризик од ковид во однос на непушачите. И покрај обемната евиденција, оваа непријатна вистина останува закопана во интернет длабокото. Не дека некој ќе препорачаше пушење како стратегија, меѓутоа, ако за ова не се дознава вистината, за што друго ја знаеме?

Путин не смее да победи, ама Зеленски не смее премногу да победи

Во првата фаза од војната Русите успеаа да стигнат до предградието на Киев, и Украина изгледаше изгубена. Во втората фаза, само четири недели подоцна, жртвата крена глава и врати илјадници населби. Сега третата фаза, започна со чудесна победа на Украина и освојување на Херсон, првокласна стратешка награда на југот. Но наскоро може да падне мрак.

Крешо имал лош ден

Да се биде внук на Ведрана Рудан има свои мани и предности. Една од маните е дека често ве бркаат од час, ама па од друга страна, таа за тоа ви дава секој пат по 500 куни. Она што не носи добивање џепарац од баба е гледање фудбал.

Швајцарија ќе забрани возење електрични возила

Ако на Швајцарија зимава почнува да и снемува струја и почне да воведува рестрикции, државата, меѓу другото, ќе го забрани користењето на електрични возила за натаму-наваму.

Маск и Таиби го откриваат валканите тајни на Твитер

„Ова ќе биде сјајно!“, твитна новиот сопственик на Твитер и почна да одбројува минути, но овојпат не за лансирање на нова ракета на СпејсИкс. Набрзо, преку Мат Таиби стана јасно за што се работи. За интерна документација и преписки меѓу највисоките кругови во Твитер за тоа како се гушеше „незгодната“ сторија за лаптопот на синот на Џо Бајден.

Машките криминалци се за во машки затвор

Не е првпат, а изгледа е и доста често, мажи осудени за сексуална злоупотреба на деца преку ноќ да го реобмислат својот родов идентитет. Откако во судницата „апансас“ ќе станат жени, често бидуваат затварани во женски затвори, но тоа не било случај и во овој случај. 

Директорот на Фајзер укорен заради „лажливи“ изјави околу детските вакцини

Тврдењето на ЦЕО-то Алберт Борула дека децата на возраст од 5 до 11 години имаат корист од вакцинацијата ја имаат наведено јавноста на погрешно мислење, порачуваат британските медицинари.

Не треба да им верувате на мејнстрим медиумите

Мат Таиби го сподели воведниот говор од дебатата на која ќе учествува, од иста страна со авторот на „Војната на Западот“ Даглас Мареј а против Малком Гладвел од Њујоркер и Мишел Голдберг од Њујорк Тајмс. Расправаат околу тоа дали главните медиумски куќи во САД заслужуваат доверба.

Која е ЕУ да зборува кој е спонзор на тероризмот?

Европратеничката од Ирска Клер Дали гласаше против резолуцијата на Европскиот парламент Русија да се прогласи за држава спонзор на тероризмот, затоа што нејзините не го гледаат сопствениот тероризам.

Како Гардијан може да му помогне на Асанж

По изјавата на австралискиот премиер Албанезе, дека отворено побарал од владата на САД да го помилува Жулијан Асанж, уследи отворено писмо на пет големи медиумски имиња. Тие бараат нивниот поранешен соработник да биде ослободен. Меѓу нив е и Гардијан, а долгото паметење на австралиската новинарка Кетлин Џонстон не дозволува тоа да им помине само така.

Научници оживеале зомби-вирус кој бил закопан во мраз 50.000 години

Одмрзнувањето на таканаречениот вечен мраз односно пермафрост поради климатските промени може да носи и поинакви закани за луѓето, од оние кои веќе ги знаеме. Истражувачи оживеале речиси дузина вируси - вклучително и еден замрзнат под езеро пред повеќе од 48.500 години.

Првиот руски шпион пробува да ги спука Украинците и Полјаците

Директорот на руското странско разузнавање, Сергеј Наришкин, кој јавно беше прекоруван од Путин дека не си ја завршил работата, тврди дека Полска се подготвува за анектирање на украинска територија.

Покајанието на еден сериозен вакцинален првоборец

Кога се пуштија ковид вакцините во оптек, еден од најугледните британски кардиолози, доктор Асем Малхотра ги охрабруваше луѓето да ги примат, во обид да се надмине колебливоста кај луѓето. Личен губиток, поточно чудната смрт на неговиот вакциниран татко, го предомисли докторот.  

Основачот на АлиБаба живот живее... во Токио

Како што Кина почна со ставање во ред на технолошките милијардери така едно време малку исчезна најмоќниот меѓу нив, Џек Ма. По неколку месеци тој повторно се појави како ништо да не било, па реши дека можеби повеќе ќе му одговара промена на климата и целосно се пресели во Јапонија.

Робокап во Сан Франциско

Полициската управа во Сан Франциско има намера да користи роботи кои ќе имаат „лиценца за убивање“ тоест ќе бидат опремени за употреба на смртоносна сила. Наспроти ужаснувањето од добар дел од јавноста, тие уверуваат дека роботите би биле користени само кога криминалците ептен не се разбираат со збор.

Фон дер Лејен ги издаде Украинците дека имаат 100.000 загинати војници

Во видео обраќање кое требаше дополнително да ја промовира идејата за трошење на запленетите руски милијарди за помош на Украина, кое од тогаш под притисок на Киев е избришано, премиерката на ЕУ објави дека до сега има над 100.000 загинати украински војници во судирите со руската војска.

Твојата автоцензура е начинот на кој „разбудените“ победуваат

Државите се обидуваат законски да го ограничат пристапот на младите до потенцијално штетни содржини на интернет, но легалните пипци се куси за еден многу деструктивен феномен, а тоа е автоцензурата. Младината одлучува да молчи за да го избегне „тимскиот дух“ на разбудените, на кои работа им е да бидат во право, желни се за мобилизација и пис на тастатура. 

Америка, воен профитер

Баснословни цени на гасот, продажба на оружје и трговија во време кога Путин ја уништува Украина и се заканува дека ќе го уништи западното сојузништво се главните гревови кои ЕУ им ги препишува на САД.

Би-Би-Си како продолжена рака на државата

Смртта на кралицата Елизабета Втора, кога Би-Би-Си се откажа од стандардната програма за сметка на бескрајно, ким-ил-сунговско покривање на настанот, потсети дека овој сервис честопати повеќе е глас на државата отколку глас на народот. А врските се и малку подлабоки од тоа.

Дилан се извини што автограмите ги штанцал

Боб Дилан ретко дава јавни изјави, уште поретко го прави тоа за да се извини. Овојпат го стори тоа, откако се откри дека неговите „рачно потпишани“ книги кои се продаваа за бааги пари, биле потпишани со автоматско пенкало. Му се вртело и не можел да стаса. Плус нагази во деветтата деценија од животот.

Белите Британци се малцинство во Бирмингем и Лондон

Според последниот попис од 2021-ва, бројот на луѓе што се определуваат како Британци а притоа се и белци е во опаѓање. Истовремено, бројот на припадници кон други етнички групи на островот расте. И покрај зголемувањето на етничкиот диверзитет, 9 од 10 жители се чувствуваат како припадници на Обединетото Кралство.

За Европа кризата ќе трае, и енергетска и геополитичка

Вон Европа глобалното чувство за континентот се сведува на две емоции: воодушевување за тоа како се обедини да ја помогне Украина и да и се спротивстави на Русија; и преплашеност, дека бруталните економски проблеми ќе претставуваат тест за европската отпорност во 2023 и подоцна.

Германија од Катар купува гас

Нели ќе се бојкотираше Катар заради кршење на правата на ЛГБТ лицата? Нели германските репрезентативци со рака на уста протестирааа што ФИФА не им дава да носат ленти со виножито? Во еден незгоден тајминг за стандардното западно ламентирање, Германија склучи огромен договор за набавка на течен гас од Катар.

Протестите во Кина се сузбиваат со порно

Кинески ботови го преплавуваат Твитер со сексуално експлицитни содржини во обид да го сопрат ширењето на информации за масовните протести низ земјата. Секое пребарување кое содржи име на барем еден од градовите каде што во моментов се протестира, дава резултати со огласи што се однесуваат на проституција, порно филмови, или понуди за онлајн коцкање.