Секој си го гледа својот газ:

Германија од Катар купува гас

Нели ќе се бојкотираше Катар заради кршење на правата на ЛГБТ лицата? Нели германските репрезентативци со рака на уста протестирааа што ФИФА не им дава да носат ленти со виножито? Во еден незгоден тајминг за стандардното западно ламентирање, Германија склучи огромен договор за набавка на течен гас од Катар.

Само 6 дена од протестниот потег на германските фудбалски репрезентативци, германски фирми потпишаа 15 годишен договор за набавка на 2 милиона тона течен гас од Катар, оставајќи ги луѓето сами да проценат колку е искрена германската загриженост за човековите права во Заливот и нејзината посветеност на карбон неутрални енергии.

Договорот го обелодени катарскиот државен енергетски гигант а испораката ќе започне од 2026 година. Течниот гас ќе ѝ биде продаван на американската компанија КонокоФилипс а таа ќе ја доставува суровината до германското пристаниште во Брунсбутел, на реката Елба.

Германија беше една од најгласните критичари на третманот на ЛГБТ лицата во земјата домаќин на светското првенство а негодуваше и за работните услови на оние кои ги градеа фудбалските стадиони.

Нивниот министер за економија, патем од партијата на зелените, рече дека поради потребата земјата да се ослободи од зависноста од руски гас, таа ќе мора да набавува енергенси од разни страни. Министерот Роберт Хабек се пофали дека Катарците претпочитале договор на 25 години но дека тие издејствувале тој да трае „само“ 15 години.

 

30 ноември 2022 - 11:46