Робокап во Сан Франциско

Полициската управа во Сан Франциско има намера да користи роботи кои ќе имаат „лиценца за убивање“ тоест ќе бидат опремени за употреба на смртоносна сила. Наспроти ужаснувањето од добар дел од јавноста, тие уверуваат дека роботите би биле користени само кога криминалците ептен не се разбираат со збор.

Светски познатите производители на роботи генерално се воздржуваат од опремување на вештачка интелигенција со оружје. Полициската управа во Сан Франциско, сепак, има токму таква желба: да поседуваат роботи кои би можеле во случај на нужда да „неутрализираат“ некого.

Наспроти изричното противење на некои членови, надзорното тело на локалната полиција со 8:3 изгласале нацрт предлог кој гласи: “Роботите се опција за употреба на смртоносна сила само ако постои непосредна опасност по животите на граѓаните или полицајците која не може да се стави под контрола со поинакви средства“.

Оние кои се противат на ваквата дистопична најава накратко велат дека ова е ненормална работа.

Оние ко се пак, за, објаснуваат дека одлуката за убивање сепак ја носи човечки фактор кој од далечина тоа може подобро да го процени со ладна глава и без непосредна опасност по себе.

Од друга страна, се поставува прашањето дали употребата на смртоносна сила вака не станува премногу едноставна, дали од далечина може исправно да се процени ситуацијата и дали некои лоши луѓе кои можеби би биле спремни и да се предадат, кога би биле соочени со ладнокрвен вооружен робот не би решиле „да ја направат големата“. 

За слично решение размислуваат и други американски полиции.

На нешто слично, засега без можност за смртоносни повреди работи и славниот Пинк иноватор Жељко Митровиќ кој претстави дрон кој исфрла мрежа со која се неутрализира „агресивно и криминогено лице“.

 

1 декември 2022 - 12:23