„Ти си крива“, рече Крешо. „Злато“, му реков на внук ми, „биди прецизен и кажи што имаш да кажеш.“
„Ти си крива.“
„Со татко ти се расправам цел еден живот затоа што веќе 50 години ми набива кривица за сè нешто. Или биди јасен или одјеби.“
„Гледавме фудбал.“
„Гледавте фудбал? Татко ти, СИН МИ, никогаш во животот нема гледано фудбал. Со кои си гледал? Зошто си избегал од школо? Нели сто пати сум ти рекла дека фудбалерите се ретардирани, кривоноги, машкољупци, милијардери кои овој глуп народ ги гледа само затоа што живееме во пореметен свет? Хрватите во ова срање од земја веќе триесет години гладуваат и буричкаат по контејнери, ама кога играат нашите, свршуваат кога ќе победат или умираат од тага кога ќе изгубат. Коцкестите станаа нашиот Јосип Броз Тито.
Тие мајмуни, ниту се Хрватска, ниту се наши. Тоа се платеници кои трпаат огромни суми на пари во џеб затоа што светот отиде во курац. Нели ти реков дека ќе се одречам од тебе ако некогаш гледаш фудбал? Мислиш дека се заебавам? Па уште играат во Катар. Знаеш дека секој ден на интернет ми излегува слика од една од жените на претседателот на Катар, и уште нашите портали ми серат како тоа е женска стилска икона. Ме заболе мене за шестата жена на претседателот, кого го боли какви менѓуши носи таа баба?“
„Бабо, ти само знаеш да викаш...“
„А ти не си нормален! Јас изгледа стварно многу се имам огрешено. Татко ти беше кретен, ама бар не гледаше фудбал...“
„И уште ме прекинуваш, а рече дека е непристојно да се прекинуваат луѓе додека зборуваат, дека тоа го прават само дивјаци. Бабо ти си дифтар.“
„Добро, извини, ама не е убаво да се гледа фудбал. Бегаш од училиште? Што е следно, да грееш лажица, игла во вена?“
„Бабо, во школо гледавме фудбал.“
„Ни тоа не е за фалење. Татко ти бегаше од настава и дуваше лепак, пушеше и пиеше зад школо за време на наставата, ама никогаш, никогаш, нема побегнато за да ги гледа оние мајмуни...“
„Бабо, гледавме фудбал на час. Играа Хрватите против некои други, моравме сите да гледаме, прво на германски а после и на историја, затоа што натпреварите многу долго траат“.
„КРЕШО!“ се издрав, „мала лажлива свињо! ЛАЖЛИВА СВИЊО! Какво бре гледање фудбал за време на часови? Значи ли тоа дека и хирурзите планираат да ги остават анестезираните пациенти и да се дадат во навивање? Ќе работи ли Итната помош додека играат нашите? Автобусите? Камионите? Ќе врви ли животот за другите? Што збориш ти, свињо лажлива?“
Крешо плачеше. Слушнав како цвили: „Ти си свиња што не ми веруваш.“
„ШТО Ѝ РЕЧЕ НА БАБА ТИ?“
„Дека си свиња зашто не ми веруваш“. Детето завиваше толку тажно што поверував. Отидов до лавабото и испив три Апаурина од 0,5.
„И укор ќе добијам заради тебе.“
„Каков укор?“
„Кога наставничката го пушти теливизорот, јас реков: ме заболе за натпреварот и тие кривоноги педери милијардери. Хрватите се глупав народ. А на наставничката по германски и реков, „и вие сте глупача штом во работно време ни пуштате фудбал“ и уште и реков, „пичка ти материна глупа!“
„Тоа ѝ го рече? На наставничката? Кутра жена.“
„А зошто ме избрка од час?“
„Не е крива таа.“
„Бабо, кој е крив?“
Му реков: „Не плачи, Крешо. За секој укор, за секое бркање од час, баба ќе ти дава 500 куни.“
Детето се насмеа: „Ќе се збогатам“
И јас се насмеав: „Нема“