Во Бирмингам, застапеноста на оние што се идентификуваат како бели Британци е намалена од 52% во 2011 на 43% во 2021, а во Лондон од 43% во 2011 на 37% во 2021. Статистичарите посочуваат дека трендот укажува на тоа дека изминатава деценија британското општество е дополнително прошарано во мултикултурна смисла.
Анализата на Мигрејшн воч констатира огромни демографски промени како резултат на масовната имиграција на население од Англија и Велс. Белците таму се намалени за 500.000 во текот на последнава деценија. Околу 81,7% жители се определиле како белци во 2021, за разлика од 2011 кога во таа графа влегле 86% од жителите. Втора најчеста етничка група се „Азијци, азиски Британци или азиски Велшани“ со 9,3% што е скок од 1,8% во споредба со пописот од 2011.
Луѓето што се идентификуваат како небритански белци нараснале од 2,5 милиони на 3,7 и сега имаат удел од 6,2%. Бројот на луѓе што не се идентификуваат со ниту една од понудените опции исто така пораснал, од 333.000 на 924.000, или за 1%. Порасната е и групата на „црнци, црни Британци, црни Велшани, Карибијци или Африканци“ за 510.000 припадници. Едно од десет домаќинскта сега има членови од најмалку две различни етнички групи, што е за 1,3% повеќе во однос на 2011.
Џон Ворт-Смит, вториот човек на пописната комисија, објаснува дека разноликоста главно доминира во Лондон, па ако таму речиси две-третини од испитаниците се идентификуваат со етничко малцинство, на североистокот просекот во истата категорија е едвај 1 на 10 луѓе. Тој додава и дека „и покрај етничката разноликост, по прашањето на национална определба, 9 од 10 луѓе ширум Обединетото Кралство (а 8 од 10 во Лондон) се идентификуваат како негови припадници“.