Која е ЕУ да зборува кој е спонзор на тероризмот?

Европратеничката од Ирска Клер Дали гласаше против резолуцијата на Европскиот парламент Русија да се прогласи за држава спонзор на тероризмот, затоа што нејзините не го гледаат сопствениот тероризам.

За Дали НАТО денес во Украина тврди дека се бори за заштита на слободата, демократијата и човековите права. Исто како и во Либија, каде за време на нападите на НАТО либискиот лидер беше заробен, содомизиран со бајонет и застрелан во глава.

Таа потсетува и што се случи откако НАТО, со голема помош и инсистирање од некои ЕУ членки, интервенираше во Либија во име на сите овие вредности:

„Терор, смрт, беззаконие, силувања, сиромаштија, глад.

Либија е држава разорена од конфликт, нејзината економија е растурена, а нејзината популација, некогаш најбогата во Африка, завиена во сиромаштија.

Мигранти се купуваат и продаваат на пазари за робови. Милион луѓе зависат до хуманитарна помош.

Ова е држава на масовни гробници и злосторства против човештвото. Тоа е оставината на НАТО.“

 

2 декември 2022 - 11:32