Вести

Мигрантите ја прекроија политичката карта на Германија

Неодамнешните регионални избори покажаа како миграцијата ја променила политичката карта на Германија. Натурализираните дојденци, кои годинава прв пат имаа право на глас, ги издвоија Берлин и Истокот во два посебни и спротивставени света. Тоа беше видливо и во кампањата, во која дури и социјалдемократите понудија манифест на четири странски јазици.

Патна карта на Римската Империја:

Сите патишта воделе до - Цариград

Многу од денешните сообраќајни артерии низ Европа се изградени врз патиштата изградени од Римјаните. Анализа на досега најтемелното дигитално мапирање на патната карта од пред 2.000 години покажува дека Рим всушност бил далеку од главниот коридор во античката сообраќајна мрежа. Многу поважни јазли биле Византион, Антиохија, Коринт и Анкира.

Трамп и Си ги спојува магнетна врска

Кинескиот претседател пристигна на самит во Белата куќа вооружен со моќно оружје – доминацијата во синџирот на производство на ретки минерали. САД не можат да најдат алтернатива за кинеските магнети, кои се клучни за воената индустрија, па Трамп е под притисок да прифаќа отстапки на другите отворени теми и да го продолжи трговското примирје со Пекинг.

Речник

Швеѓаните ќе прегласуваат поради изборна измама?

Истрага за измама може да го промени победникот на парламентарните избори во Шведска. Натурализиран сомалиски имигрант кој освоил пратеничко место како кандидат на левицата е осомничен дека им плаќал на гласачи и им делел ливчиња на кои веќе е заокружено неговото име. Ако биде потврдена измамата, Швеѓаните првпат во историјата ќе мораат да прегласуваат.

За пцуење во Грузија се оди во затвор

Судовите низ Грузија се полнат со „безобразници“ откако властите со закон го забранија пцуењето по интернет како дел од кампањата за прочистување на политичката клима во Грузија од токсични поделби. Премиерот ги прогласи вербалното навредување за „оружје што политичките непријатели го користат за дестабилизација на земјата“.

Во доба на роботаксија, Убер се обложува на луѓе 

Убер вложува милијарди во новите автомобили без возачи, но верува дека клучниот фактор за економска исплатливост е да го зголеми бројот на возачи. Компанијата пресметала дека хибридна мрежа во која се вклучени луѓе може да ја зголеми зафатеноста на автономните возила што би носело поголем профит отколку флота составени исклучиво од роботаксија.

Полските земјоделци решија да ја блокираат... Украина

Целосниот проток на гранични премини меѓу Полска и Украина ќе биде блокиран од полски земјоделци гневни за тоа што ЕУ им дала поволности на колеги од Украина, што тие сметаат дека е нивна штета.

Работнички бунт во OpenAI

Многу драматичнo се развива ситуацијата во компанијата која стои зад ЧетГПТ и пар други системи за вештачка интелигенција откако сосема неочекувано, бордот му даде шут карта на првиот човек и еден од основачите, Сем Алтман. Не остана тој долго на биро за вработување, ама сега вработените се закануваат дека и тие ќе се шалтаат. 

Потребно е редефинирање на успехот во Украина

Заглавена контраофанзива и бледнеење на поддршката во САД и Европа, се два фактори кои бараат опсежно преиспитување на сегашната стратегија што ја следат Украина и нејзините партнери, порачуваат Ричард Хас и Чарлс Купчан во текстот за Форин афеарс.

Израел покажува како изгледаат американските војни

Знаевте ли дека САД и нивните сојузници имаат фрлено над 350.000 бомби и проектили врз девет земји од 2001 година? Тоа е во просек 44 воздушни напади дневно, секој божји ден, во текот на 22 години. Она што сега цел свет го гледа од Газа, можеше да го види и од Фалуџа, Мосул и Рака. Само што, не го виде.

ЕУ тајно купила руски гас за 6 милијарди евра

И покрај галамата, ветувањата и муабетите што ги шири ЕУ, нејзините членки Шпанија и Франција се втор и трет по големина муштерија за руски гас во светот заостанувајќи само зад Кина. Членките на ЕУ само годинава и платиле 6,1 милијарда на Русија за течен природен гас.

Израел го издиша снабдувањето на Украина со гранати

Префрлањето на фокусот на војната меѓу Израел и Хамас ја забавило испораката на артилериски гранати за Киев со што се поткопуваат украинските воени напори, порачал Зеленски.

Зошто рубљата повторно е на западните наслови?

Во последниот период американскиот долар се држеше добро и цврсто. Покажа сила во однос на компетитивните валути на земјите од БРИКС, неговата вредност се држеше добро и во однос на златото. Единственото нешто кое не успеа е да го спречи зголемувањето на вредноста на рубљата која под жестоки санкции покажува извонредна жилавост.

За да ја поразиш Русија за век и веков, Украина мора да влезе во НАТО

Крвава безизлезна ситуација, или нешто полошо, станува поверојатна доколку Западот не сфати дека Киев мора забрзано да се приклучи кон Алијансата, порачува поранешниот потпретседател на британските Конзервативци, Мајкл Ашкрофт.

Кој е „Лудиот“ кој Аргентина го избра за претседател?

Ако Трамп или Болсонаро ви изгледаа ексцентрични и контроверзни, чекајте да го видите Хавиер Милеи, крајниот десничар кој стана претседател на 45 милионската Аргентина. Вака „полемизира“ човекот кој има фитил пократок од оној на Јаран од Ноќна Мора: - Оние левичарски говна... - (водителката) Ама зошто ги нарекувате така? - Затоа што се говна.

На глобално затоплување ќе треба да почекаме

Затоплувањето на планетата нема да се случи баш така брзо како што се очекуваше. Науката само што откри дека растенијата ќе апсорбираат повеќе јаглерод диоксид отколку што првично се пресметуваше па важечките модели ја преценуваат брзината со која ќе се одвива процесот. 

Човечка чистка кај вештачката интелигенција

Сосема неочекувано, ОпенаАИ го смени еден од своите основачи, Сем Алтман, кој беше и извршен и член на бордот на директори на компанијата. Нејасно е кои биле неговите гревови а би било јако кога за ваков потег би го прашале ЧетГПТ што мисли кој треба да биде сменет, па овој го исфрлил неговото име.

Време е да се престане со магичното размислување за руски пораз

Како што рускиот претседател се подготвува за втората годишнина од неговата војна против Украина, неговата самодоверба е тешко да се заобиколи, пишува во есејот за Вол стрит журнал поранешниот разузнавачки офицер од Националниот разузнавачки совет задолжен за Русија, Јуџин Румер.

Време е да се хејтаат забраните и цензурите

Кога во една Финска, на политичарка ќе ѝ требаат цели четири години да куртули од затвор за нешто што го кажала, и тоа под сериозни обвиненија за злосторства против човештвото, тогаш е јасно на кој пат е слободата на говорот на Запад. Но, Финска е само „канаринец во окното“, како што некогаш рударите тестирале дали долу има отровен воздух.

Пентагон традиционално и годинава не успеа да направи ревизија

Независната годишна ревизија на Пентагон повторно пропадна откако луѓето во министерството за одбрана не им испорачале на ревизорите доволно документи за тие да можат да создадат целосна слика за нивното трошење.

Директорот за маркетинг на Анхојзер-Буш најнова жртва на Малвени

Првиот човек за маркетинг на Анхојзер-Буш за американскиот пазар поднесе оставка откако и шест месеци по егзибицијата со Дилан Малвени групацијата со целата своја маркетинг сила и понатаму не може да го запре крварењето во продажбата на Бад лајт.

Украинските и западните шпиони почнуваат различно да гледаат

Почетната позиција на западните разузнавачки служби „не им се мешаме што прават“ по години ипол војна се претвори во паника дека постапките на украинските разузнавачи ќе се одразат директно на безбедноста на Западот.

ЕУ пак би да ве шпионира на интернет

Новиот закон за електронска идентификација и автентикација што ЕУ сака да го донесе доаѓа со член кој предвидува дека издавачите на сертификати за енкрипција треба да соработуваат со владите и да им дозволат да го шпионираат енкриптираниот интернет сообраќај.

Роботски е да се греши

Робот кој без проблеми се користел пет години за сортирање зеленчук, решиле да го подобрат и да го направат уште поефикасен. Му додале екстра сензори и дополнителен софтвер па техничар сакал да провери дали системот работи добро. Очигледно не, бидејќи роботот помислил дека не се работи за човек туку за кутија пиперки.    

Израелски министер повика на преселба на Палестинците на Запад

Од никого побараната иницијатива предложена од двајца пратеници на израелскиот парламент, за западните држави да почнат да прифаќаат повеќе Палестинци, беше надградена од израелскиот министер за финансии, кој ги повика Палестинците „доброволно да мигрираат“ од Газа.

Инфлуенсерката што за 7 дена направи продажба од 13,7 милиони долари

Користејќи ја опцијата за директен пренос на Доујин (кинескиот Тикток) корисничката Женг Шијангшијанг успева да продаде 10 милиони примероци од најразлични производи што ги промовира на своите преноси во вредност од над 13,7 милиони долари. И сето тоа изгледа многу поневеројатно отколку што звучи.

Расистички ли е да се зезаш со Хамас?

Вашингтон Пост објави па повлече карикатура со еден висок член на Хамас кој неодамна призна дека не му е важна цената која ќе се плати за нивните политики. Освен проблемот со цензурата, овој случај на некои им личи премногу сличен на неодамнешните хистерии со Black Lives Matter.  

Да не му бидеме корисни идиоти на Нетанјаху

Нетанјаху сака да остане на власт и после војната а тоа го може само ако ги смири тврдите елементи во својот кабинет. Тоа го прави неспособен да игра за траен мир па неговиот план се сведува на вечна доминација на Израел врз Палестинците. Ако некој може да го убеди во поинаков исход, тоа е американскиот претседател.  

Хамас планирал и втор напад на 7 октомври

Втората фаза од нападот на Хамас требала подлабоко да продре на израелска територија во надеж дека ќе инспирира насилство на Западниот брег и пошироко, покажуваат докази што ги обработува Вашингтон пост.

Како Илон го гледа светот

Фридман му беше домаќин на Илон и го расчачка милијардерот за војните што се случуваат денес, за потенцијалниот иден конфликт меѓу САД со Кина, плус некои теми што повеќе го интересираат како СпејсИкс и Грок, неговиот проект за ВИ.