Вести

Мигрантите ја прекроија политичката карта на Германија

Неодамнешните регионални избори покажаа како миграцијата ја променила политичката карта на Германија. Натурализираните дојденци, кои годинава прв пат имаа право на глас, ги издвоија Берлин и Истокот во два посебни и спротивставени света. Тоа беше видливо и во кампањата, во која дури и социјалдемократите понудија манифест на четири странски јазици.

Патна карта на Римската Империја:

Сите патишта воделе до - Цариград

Многу од денешните сообраќајни артерии низ Европа се изградени врз патиштата изградени од Римјаните. Анализа на досега најтемелното дигитално мапирање на патната карта од пред 2.000 години покажува дека Рим всушност бил далеку од главниот коридор во античката сообраќајна мрежа. Многу поважни јазли биле Византион, Антиохија, Коринт и Анкира.

Трамп и Си ги спојува магнетна врска

Кинескиот претседател пристигна на самит во Белата куќа вооружен со моќно оружје – доминацијата во синџирот на производство на ретки минерали. САД не можат да најдат алтернатива за кинеските магнети, кои се клучни за воената индустрија, па Трамп е под притисок да прифаќа отстапки на другите отворени теми и да го продолжи трговското примирје со Пекинг.

Речник

Швеѓаните ќе прегласуваат поради изборна измама?

Истрага за измама може да го промени победникот на парламентарните избори во Шведска. Натурализиран сомалиски имигрант кој освоил пратеничко место како кандидат на левицата е осомничен дека им плаќал на гласачи и им делел ливчиња на кои веќе е заокружено неговото име. Ако биде потврдена измамата, Швеѓаните првпат во историјата ќе мораат да прегласуваат.

За пцуење во Грузија се оди во затвор

Судовите низ Грузија се полнат со „безобразници“ откако властите со закон го забранија пцуењето по интернет како дел од кампањата за прочистување на политичката клима во Грузија од токсични поделби. Премиерот ги прогласи вербалното навредување за „оружје што политичките непријатели го користат за дестабилизација на земјата“.

Во доба на роботаксија, Убер се обложува на луѓе 

Убер вложува милијарди во новите автомобили без возачи, но верува дека клучниот фактор за економска исплатливост е да го зголеми бројот на возачи. Компанијата пресметала дека хибридна мрежа во која се вклучени луѓе може да ја зголеми зафатеноста на автономните возила што би носело поголем профит отколку флота составени исклучиво од роботаксија.

Шампиони

Само затоа што во моментов Израел ја толчи Газа како ретко кога во изминативе децении, целосно се нормализираа протести како неодамнешниот во Њујорк под наслов „Квирови за Палестина“. Во сите други времиња таков протест би бил дел од скеч на СНЛ или наслов на Онион, во рангот со „Вегани за чварки“ или „Јагниња за Велигден“.

Украина да се снаоѓа, да не го чека ветеното од ЕУ

Европската унија ги информирала земјите членки дека е малку веројатно дека ќе го исполни ветувањето за снабдување на Украина со 1 милион парчиња артилериска муниција. Рокот за ова беше март 2024.

Убивање цивили е американски стил на војување

Масовната смрт и уништувањето на Јапонија во Втората светска војна го подисплаши тогашниот воен скретар на САД, дека Америка ќе добие репутација дека го надмашила Хитлер по сторените злосторства. Истиот тој човек подоцна потпиша атомски напад на Хирошима и Нагасаки. Актуелното спржување на Газа, Израел го правда со таквите и слични „светли примери.“ 

Кој ќе издржи повеќе, ти без алкохол или мозокот со алкохол?

Научници заклучуваат дека мозокот може сам дај ја поправи штетата што му е направена од претерано пиење алкохол, единствено што се очекува од вас е да не пипнете алкохол некои си 7,3 месеци. Не, не може. Ни капка.

Сан Франциско сјае

По години минати како пост-апокалиптичен тематски парк запоседнат од наркомани, дилери и бездомници, центарот на Сан Франциско беше светнат во генералка пред доаѓањето на кинескиот претседател Ши Џинпинг и самитот на АПЕК.

150 милијарди против климата

Додека рајата по инерција се замајава со рециклирање или пак ги шмука оние одвратни картонски цевчиња за да ѝ се помогне на планетата, кај големиот бизнис сликата е сосема поинаква. Најголеми поединечни загадувачи кои нè приближуваат кон опасните нивоа на загревање се проекти кои се нарекуваат јаглеродни бомби. Е, во нив, големите банки истураат силни милијарди долари.

Авиокомпаниите стануваат банки

Системот за поени за често летање стана толку профитабилен за авиокомпаниите што во некои случаи, тој систем има поголема пазарна вредност од самата авиокомпанија. Со други зборови, авиопревозниците стануваат финансиски институции кои попат и летаат авиони. 

Најголемата банка во светот тргуваше преку УСБ стик

Целата трговија што ИЦБЦ ја правеше во четвртокот на најголемиот пазар во светот се вршеше преку УСБ стикови кои постојано патувале низ Менхетен.

Абрамсот нема да и заврши работа на Америка на Пацификот

Абрамс М1 нема да може да доминира на фронтот во 2040 е предупредувањето што американскиот Армиски борд за наука го има во својот извештај за следната генерација на оклопни возила.

БЛМ за Трамп?

Лидер на БЛМ му даде поддршка на Доналд Трамп да се врати во Белата куќа по изборите во 2024, затоа што „сите други не ги бива“, а посебно е разочаран од Бајден.

Израел ќе носи работници од Индија за да ги замени Палестинците

Барањето од израелскиот градежен сектор до Нетанјаху е интервентен увоз на 100.000 работници од Индија кои ќе треба да заменат 90.000 Палестинци што останаа без работни дозволи по почетокот на војната.

Слушалки со селективен избацивач на врата

Идните слушалки кои ќе ја имаат опцијата за поништување на околниот шум, ќе нудат корисникот да одбере кои звуци слушалката сепак да ги пропушти. На пример, додека слушате музика дома, да ги исклучите сите звуци и шумови од околината, освен оној на другарите кои под балкон ве викаат за на пиво.

Да нè не им стигаат Кинези?

Кина се пофали дека има план да почне да произведува напредни хуманоидни роботи во рок до 2 години кои ќе можат да го изменат светот и сето тоа да се одвива со индустриски обем.

Писмо до децата од Газа

Сè што ти беше познато исчезна. Гледаш зачудено. Се прашуваш каде си. Се плашиш. Експлозија по експлозија. Плачеш. Се држиш за мајка ти или татко ти. Твоето маало станало гробишта. Сè што ти беше познато исчезна. Јас сум репортер. Моја работа е да го видам тоа. Ти си дете. Ти никогаш не требаше да го видиш ова.

На УСАИД не му се останати пари за поддршка на Украина

Буџетот за хуманитарна помош на Украина е испразнет и тоа директно го става Киев во опасност од економско уништување, го предупреди американскиот Сенат помошник администраторката на УСАИД, Ерин Мекки.

Талибанците го сотреа хероинот како никој, никаде до сега

Новиот извештај на Обединетите нации тврди дека одгледувањето на афион и производството на опиум во Авганистан по ново е намалено за 95% откако Талибанците решија да ја забранат оваа култура.

3.500 долари за „невакцинирана“ сперма

Уплавот што беше околу вакцините против ковид-19, сега е претворен во отворено наддавање за „чисти“ донатори на сперма кои за време на пандемијата на еден или друг начин успеале да избегнат вакцинирање против вирусот.

Х вреди 19 милијарди долари, од 44 пред една година

Документи кои Х ги споделил со своите вработени покажуваат дека вредноста на компанијата е падната за 55% од времето кога Илон Маск ја купи за 44 милијарди долари.

Како се произведуваше паниката од руските ботови

Сенатот ангажира фирма да испита колку е долга раката на Кремљ во американската политика, изборите и социјалните медиуми. Фирмата излегува со застрашувачки бројки за рускиот домет. Се тврдеше дека Русите фрлиле 25 милиони долари на Фејсбук за нивните задни намери. Подоцна се утврди дека потрошиле 2.900 долари. За контекст: Ковачевски троши по 20.000 евра на три месеци.

Хемиското рециклирање е опасна измама

На индустријата за пластика секогаш ѝ било јасно дека рециклирањето нема да го реши проблемот. Ама па успеа да ве убеди во спротивното за сега да се чувствувате убаво и корисно кога го правите тоа. Америка има 11 капацитети за хемиско рециклирање пластика. Само три прават нови суровини. Останатите прават гориво кое ќе исчури во атмосферата.

Како Русија ги заобиколува санкциите за нафта и го полни буџетот

По неколку успешни месеци спроведување на ограничувањето на цената на руската нафта, сега сите од ЈПМорган до Светска банка се помирени дека санкциите на руска нафта веќе не функционираат, сето тоа поткрепено со бројки кои покажуваат намалување на рускиот буџетски дефицит.

Путин 2024

Рускиот претседател од последниве две децении решил да се кандидира за уште еден мандат на изборите во 2024, објави Ројтерс цитирајќи шест извори запознаени со темата.

Командант на Хамас против политичките лидери на Хамас

Во едно ретко видено разногласие на Хамас, воен командант на организацијата рече дека цивилни жртви никогаш не биле цел на нивниот напад од седми октомври. Планот во последен момент го смениле политичките лидери на Хамас. А тие живеат во странство и сега не се бомбардирани.

Израел ќе остане во Газа на неодредено време

Израелските сили ќе управуваат со безбедноста на Газа долго време по завршување на конфликтот, порачал израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Колку долго? Колку и да треба.