На почетокот од годинава ЕУ изработи план за да ја снабди Украина со муницијата и тоа требаше да се одвива во период од 12 месеци. Прво требаше да посегне во своите залихи, а потоа и заеднички да ги набави од други извори и да го зголеми производството.
Иако е минато значително повеќе од половина од времето, ЕУ до сега има испорачано само некои си 30% од ветената муниција.
Освен што извиси од ЕУ, за Украина е проблем и што Русија успеа значително да го зголеми своето производство на муниција, и да најде нови снабдувачи, главно Северна Кореја, која до сега има испорачано 1 милиони артилериски гранати на Москва.
Минатата недела Пентагон објави дека почнал да ја забавува воената помош за Украина заради проблеми со одобрување на нова помош во Конгресот. Во исто време кога објавува дека нема да го исполни ветеното ЕУ има и дополнителни проблеми со обезбедување на нова воена и финансиска помош заради несогласувања меѓу членките.