Прашањето за Нетанјаху било кој ќе биде одговорен за безбедноста на Газа по крајот на војната против Хамас, кој до сега го покриваше тој дел од живеењето на Палестинците.
Изјавата на Нетанјаху следува и покрај предупредувањето од Бајден дека целосна окупација на Газа би била голема грешка. Иако Бајден му даде силна поддршка на Нетанјаху во војната против Хамас, двајцата лидери имаат значително различен пристап околу тоа како таа треба да се одвива, посебно околу заштитата на цивилите и потребата за прекин на огнот за да се испорача хуманитарна помош.
Освен намерата за контрола на безбедноста, во интервјуто Нетанјаху повторил дека не доаѓа предвид никаков прекин на огнот додека Хамас не ги ослободи сите киндпирани, но „сигнализирал отвореност кон 'тактички мали паузи' за да се дозволи движење на луѓето и помошта“.
„Нема да има прекин на огнот, општ прекин на огнот, во Газа без ослободување на нашите заложници. А што се однесува на тактички мали паузи, еден час тука, еден час таму - такви сме имале и до сега.
Треба да ги провериме околностите за да овозможиме добра, хуманитарни добра да влезат, или нашите заложници, поедини заложници да излезат. Но мислам дека нема да има општ прекин на огнот,“ порачал израелскиот премиер.
Генералниот секретар на О.Н. Антонио Гутереш повикал на итен прекин на огнот, со предупредување дека Газа станала „гробишта за деца“. И Бајден го притиска Нетанјаху да се согласи на хуманитарни паузи, за да дозволи во енклавата да биде испорачана помош.
Во понеделникот, во координација со израелската армија, јорданската авијација испорача повеќе пакети итни медицински залихи и храна за јорданската болница во Газа.
Палестинското министерство за здравство објави дека најмалку 10.000 Палестинци од кои 4.100 деца, загинале во едномесечната војна во Газа.
Нетанјаху во интервјуто порачал дека цивилните загуби се „трагедија“, но ја оспорил пријавена бројка на загинати, објаснувајќи дека таа вклучува неколку илјади палестински борци. Дополнително тој го обвинил Хамас дека ја користи популацијата на Газа како човечки штит.