Таг: бенјамин нетанјаху

Забранетиот документарец за Биби на пат за номинација за Оскар

„Документите за Биби“ кој објавува протечени снимки од израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговото семејство како се испрашувани од израелската полиција како дел опширна полициска истрага влезе во последниот круг за номинација за Оскарите 2025.

Зошто Нетанјаху не го ферма Бајден?

Пред неколку месеци изгледаше дека на Бајден му е смачено што Нетанјаху ги игнорира неговите повици да се воздржи во Газа, па конечно почна строго да разговара со него. Во март Бајден беше запрашан дали неговиот апел Израел да не изврши инвазија на Рафа е црвена линија, односно дали тоа би довело до сериозни последици. Одговорот на Бајден беше „тоа е црвена линија, но јас никогаш нема да го напуштам Израел.“

Нетанјаху до Меѓународниот кривичен суд: не ме занимате

Меѓународниот кривичен суд наводно е пред издавање налог за апсење на израелскиот премиер и високи функционери во израелската влада. Што е до Нетанјаху, за МКС ќе биде подобро да не си играат играчки.

Израел ќе остане во Газа на неодредено време

Израелските сили ќе управуваат со безбедноста на Газа долго време по завршување на конфликтот, порачал израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Колку долго? Колку и да треба.

Зошто малиот Нетанјаху уште е во Мајами?

На израелските војници кои волонтираа да се приклучат на војната против Хамас не им е право што синот на премиерот Бенјамин Нетанјаху и понатаму дреме во Мајами.

Нетанјаху за разликата меѓу трагедија и тероризам

За којзнае кој инцидент меѓу Израел и Палестинците, Нетанјаху во 1986, тогаш како претставник на Израел во Обединетите нации, во образовни цели ги потсетува Британците како и тие кога биле во војна бомбардирале детски болници, чисто за да не мрчат кога други го прават тоа.

Германски весник отпушти карикатурист заради карикатура со Нетанјаху

Одлуката на Зидојче цајтунг е по основа дека во карикатурата на израелскиот премиер се користени „анти-семитски клишеа“. На ваквата одлука реагираше Турција, потсетувајќи дека кога тие им префрлиле на Германците за карикатура на Ердоган од истиот автор, тој бил бранет по основа на слобода на говор.

Кој е најрасистички клуб на светот?

Ја потресоа фудбалска Европа во сезоната 2012/2013, кога нивниот клуб Беитар Ерусалим ангажираше двајца чеченски фудбалери, а групата Ла Фамилија се закани дека ќе ликвидира членови на управата ако не ги избркаат. Долго време имаат поддршка од израелската десница и од Бенџамин Нетанјаху.

Завршната сметка на Нетанјаху

Како премиер има потрошено 24.000 долари за една година на храна за носење. Овие 66 долари на ден ги потрошил и покрај тоа што во резиденцијата има личен готвач. Бројките се од извештајот на државниот ревизор. Цела држава е на нозе заради ова.