Освен отпуштањето на 85-годишниот карикатурист, уредникот на весникот изјави дека објавувањето на карикатурата во весникот од 15 мај е грешка и им се извини на читателите.
На карикатурата Нетанјаху е облечен како израелската претставничка на Евровизија, додека во едната рака држи проектил на кој е нацртана Ѕвездата на Давид а во другата микрофон, порачувајќи „следната година се гледаме во Ерусалим.“
Сето ова се поклопи со американското префрлање на амбасадата во Ерусалим и десетиците палестински жртви од протестите против ваквиот потег.
Авторот Дитер Ханицш околу целата работа објаснува дека бил вознемирен од честитката што Нетанјаху и ја испратил на годинешната победничка „Ти донесе многу почит за Израел. Следната година во Ерусалим!“ Првиот дел од пораката е традиционален еврејски поздрав за време на Пасха. За Ханицш фразата што ја употребил Нетанјаху е „проблематична... а навистина не помага во моментов да се дотура повеќе гориво на огинот.“
Тој е комплетно збунет од реакцијата на весникот бидејќи карикатурата ја имал пуштено на одобрување пред да биде дадена на печатење „не ја прошверцував сликата во печат.“
Освен карикатурата на Ердоган од страна на Ханицш, Германија и Турција имаа цела дипломатска криза по основа на исмевање турскиот претседател од германски карикатуристи и тв водители.