Вести

Мигрантите ја прекроија политичката карта на Германија

Неодамнешните регионални избори покажаа како миграцијата ја променила политичката карта на Германија. Натурализираните дојденци, кои годинава прв пат имаа право на глас, ги издвоија Берлин и Истокот во два посебни и спротивставени света. Тоа беше видливо и во кампањата, во која дури и социјалдемократите понудија манифест на четири странски јазици.

Патна карта на Римската Империја:

Сите патишта воделе до - Цариград

Многу од денешните сообраќајни артерии низ Европа се изградени врз патиштата изградени од Римјаните. Анализа на досега најтемелното дигитално мапирање на патната карта од пред 2.000 години покажува дека Рим всушност бил далеку од главниот коридор во античката сообраќајна мрежа. Многу поважни јазли биле Византион, Антиохија, Коринт и Анкира.

Трамп и Си ги спојува магнетна врска

Кинескиот претседател пристигна на самит во Белата куќа вооружен со моќно оружје – доминацијата во синџирот на производство на ретки минерали. САД не можат да најдат алтернатива за кинеските магнети, кои се клучни за воената индустрија, па Трамп е под притисок да прифаќа отстапки на другите отворени теми и да го продолжи трговското примирје со Пекинг.

Речник

Швеѓаните ќе прегласуваат поради изборна измама?

Истрага за измама може да го промени победникот на парламентарните избори во Шведска. Натурализиран сомалиски имигрант кој освоил пратеничко место како кандидат на левицата е осомничен дека им плаќал на гласачи и им делел ливчиња на кои веќе е заокружено неговото име. Ако биде потврдена измамата, Швеѓаните првпат во историјата ќе мораат да прегласуваат.

За пцуење во Грузија се оди во затвор

Судовите низ Грузија се полнат со „безобразници“ откако властите со закон го забранија пцуењето по интернет како дел од кампањата за прочистување на политичката клима во Грузија од токсични поделби. Премиерот ги прогласи вербалното навредување за „оружје што политичките непријатели го користат за дестабилизација на земјата“.

Во доба на роботаксија, Убер се обложува на луѓе 

Убер вложува милијарди во новите автомобили без возачи, но верува дека клучниот фактор за економска исплатливост е да го зголеми бројот на возачи. Компанијата пресметала дека хибридна мрежа во која се вклучени луѓе може да ја зголеми зафатеноста на автономните возила што би носело поголем профит отколку флота составени исклучиво од роботаксија.

Милијардерите на Хамас

Со децении Газа неспорно е симбол за мизеријата и сиромаштијата на Палестинците, „најголемиот затвор под отворено небо“ чии жители зависат од постојаниот дотур на хуманитарна помош од светот. Периодов медиумите малку повеќе се занимаваат со раководството на Хамас, кое излезе дека не го дели финансискиот кошмар на своите сограѓани.

Америка тивко го наоружува Тајван до заби

САД се великодушни кога својата воена опрема ја продаваат со заеми но ретко се фаќаат за џеб па тие да платат воена опрема и оружје за некого. После 40 години, тоа сега прват го прават за Тајван зошто Кина многу напред отиде во воената надмоќ во 180 километри широкиот Тајвански теснец. Но, и со ју-ес пари, тоа тешко се стига.

Зеленски не го бендиса интервјуто на Залужниј

Кабинетот на Зеленски јавно го укори првиот човек на украинските воени сили, генерал Валери Залужниј, за неговата изјава дека војната заглавила во пат-ситуација бидејќи такви коментари биле од корист на руската инвазија.

Ај во 10 евра дека нема да ви се плаќа за Фејсбук и Инстаграм?

Иако по Фејсбук се ширеше еден глуп текст за неприфаќање на претплата на платформите на Мета, веста, односно заканата за 10/13 евра месечно беше реална. Засега нема да се оствари ни во ЕУ, не па кај нас (папокот на светот!), ама барем дознавме колку кошта „бесплатниот ручек“. Тој и натаму ќе го плаќаме со личните податоци и дозволувањето Фејсбук снајперски да нè гаѓа со реклами.     

Безос пребега од Сиетл во Мајами

Човекот кој го основаше Амазон во гаража во Сиетл во 1994 и од тогаш придонесе милијарди долари во развојот на градот, одлучи дека градот му е веќе станат неподнослив за живеење, веројатно на негова возраст идентично не се трпи ни тамошната клима, ни тамошната идеологија, и дека ќе се пакува за Мајами.

Ивермектинот не чинеше затоа што беше евтин

Ивермектинот беше најнапаѓаниот и најомаловажуваниот лек во времето на пандемијата. Корпоративните западни медиуми систематски му правеа хајки, надмено оцрнуваји го како „лек за глисти кај коњи“ а еден од главните гревови му беше што имаше поддршка од нивниот архи-непријател - Доналд Трамп. Но, Трамп беше само фасада на приказната. Кај парите е финтата.    

Мажите јуначки се повлекоа од кујните

Едно ново истражување открива дека е зголемен јазот меѓу половите на тема кој повеќе готви по дома. Жените готват повеќе оброци од мажите во речиси секоја земја во светот. Освен во една.

Монсанто ќе ти плати, кога ќе биде доцна

Пред некоја година, сопственикот на Монсанто, концернот Баер, понуди многу милијарди долари за топтан да ги затвори сите тужби поврзани со нивниот бестселер пестицид, Раундап, кој го содржи озлогласениот глифосат. Американскиот Врховен суд го одби таквиот предлог па сега Монсанто го делкаат еден по еден оштетен. Сите со ракови.  

Мобилните пак кабает за машки проблеми

Мажи што често користат мобилен уред имале пониска концентрација и број на сперматозоиди во споредба со оние што не се по цел ден со телефонот во рака / џеб, покажала многу нијансирана студија на Универзитетот на Женева.

Што прават деновиве легенди како Де Ниро и Ал Пачино?

На ликови како Роберт Де Ниро и Ал Пачино многу луѓе веројатно им завидуваат на славата, парите, моќта, сè што следува со таков филмски капитал како нивниот. Само што, нивни врсници шетаат внучиња или чекаат да стаса туршијата, а овие... едниот го тегнат по судови, другиот младата жена го тера да потпише колку ќе се испрси за алиментација.

Во Газа до сега загинаа повеќе цивили отколку во Украина

Во овие неполн месец откако Хамас изврши напад врз Израел, во Газа загинале повеќе цивили отколку во целата украинска војна од почетокот на 24 февруари 2022.

Вагнер и Сирија заедно ќе го помагаат Хезболах

Асад се согласил да го помогне Хезболах со позајмување на руските ракетните системи, а испораката од Сирија до Либан ќе треба да ја завршат луѓето на Вагнер, тврдат луѓе од американското разузнавање.

Војна, фаза на конфискација

Европа веќе извесно време им има фрлено око на руските пари кои се кај неа a Унијата ги има замрзнато со санкциите. Русија им вика дека е тоа обична кражба и ако прибегнат кон таков чекор, да очекуваат сличен потег и од нив. Како показна вежба, Русија го продаде кримскиот апартман на Владимир Зеленски. 

На католичката црква ѝ фалат колешки

На средба со католичките бискупи и „цивили“ папата Франциско порачал дека е „ургентно“ да се гарантира поголемо учество на жените во управувачки позиции на црквата и побарал во рок од една година да се истражи како да им се дозволи на жените да бидат поставени на позиција ѓакони.

Залужниј ја прогласи војната за целосно заглавена

За пет месеци контраофанзива Украина успеа да напредува само 17 километри. Русија 10 месеци се бореше околу Бахмут за да освои град „шест на шест километри“. Првиот човек на украинската војска призна дека војната е во ќорсокак.

Ќе му каже ли некој на Зеленски за Волтер Кронкајт?

Насловната сторија на Тајм за Владимир Зеленски е навистина шокантна бидејќи ги потврдува сите поенти кои досега се оценуваа/оцрнуваа како „Путиновска пропаганда.“ Не само што сторијата се темели на разговори со најблискиот круг на Зеленски туку што не доаѓа од кујната на Кремљ, туку од новинар и магазин кои лани го прогласија Зеленски за лице на годината.

Мултивитамска храна за рак

Пред бааги години, кога ни збоктисаа квази-медицински вести дека рак се добива те од ова, те од она, и кога ни стана јасно дека медиумската преплавеност со такви содржини е дел од индустријата на производство на страв и болести, цинично се запрашавме дали ќе дочекаме вест дека и витамините носат рак. Ете, дочекавме.

Ако нема помош за Украина, нема да има помош ни за Израел

Бајден ќе стави вето на републиканскиот предлог за помош на Израел, доколку истите овие републиканци продолжат да одбиваат да гласаат за пакетот за помош на Украина, тврдат од Белата куќа.

Запад веќе не може да го излаже светот

Кога Израел ќе заврши, Газа каква што ја знаевме нема да постои. Истребувањето на оние чија земја и ресурси крадеме е кодирана во нашата ДНК. Прашајте ги Индијанците, Индијците, Конгоанците, Ирачаните, Авганистанците, Сиријците, Курдите, Либијците... Ние сме најнемилосрдните и најефикасните убијци на планетата. Геноцидот лежи во сржта на западниот империјализам.

Сорос дал над 15 милиони долари на групи зад про-Палестинските протести

Преку левичарска активистичка група Сорос поделил милиони долари на организации кои периодов го оправдуваат терористичкиот напад Хамас и кои застануваат зад Палестинци што повикуваат на уништување на еврејската држава.

Што беше тоа на аеродромот во Дагестан

Викендов толпа од стотици жители на Дагестан тргна да линчува сè израелско што ќе начека на авионската писта на аеродромот во Махачкала. За општа среќа никој не им падна во раце.

Зеленски ни е нешто лут

Тајм објави детално интервју со Зеленски и инфо од неговите најблиски соработници во кое се дава увид во промената на неговото расположение, лутината што никој од сојузниците не верува  во победа на Украина и нималку сјајната состојба на војската. Покрај сите оние милијарди долари воена и друга помош од Запад, текстот има поднаслов: „Осамената битка на Владимир Зеленски“.    

Билд до мигрантите: Или прилагодете се или ауфидерзен

Германски Билд објави манифест до дојденците во земјата во кој им се објаснува дека домаќините не мислат да го сменат својот начин на живот само затоа што им дошле гости. Им се порачува дека е важно да го научат јазикот, има и лекции за бонтон. Едни одушевени од декларацијата, други велат дека е ова е лошо напишан но добро сумиран манифест на германскиот расизам. 

Германија, имаме проблем

Нашиот свет е во хаос, и ние сме сред хаосот. Од терористичкиот напад на Хамас врз Израел се соочуваме со нова димензија на омраза во нашата земја - против нашите вредности, демократијата и против Германија, пишува Билд во воведот на својот Манифест за Германија.