Најголемиот дел од парите, околу 13,7 милиони, биле делени преку Тајдс центарот, кој, на пример, му има исплатено пари Адала џастис проектот, кои на денот на терористичкиот напад на Хамас на својот Инстаграм профил објавија слика од еден од булдожерите што ја собори израелската гранична ограда со текст: „израелските колонизатори веруваат дека можат бесконечно да држат два милиони луѓе во затвор под отворено небо... ниту еден кафез нема да остане недопрен.“
Припадниците на Адала проектот на 20 октомври ја запоседнаа канцеларијата на калифорнискиот конгресмен Ро Кана, барајќи тој да потпише резолуција во која се бара прекин на огнот во Газа. Истиот ден тие беа едни од организаторите на митинг во Њујорк во кој се извикуваа анти-семитски пароли и се шетаа натписи „Јас не го осудувам Хамас“.
Во 2020, Тајдс имаат исплатено 30.000 долари на уште една организација која беше ко-организатор на истиот протест во Њујорк на кој беа уапсени 139 луѓе.
Во 2018 Фондацијата на Сорос има исплатено 60.000 долари на Арапско-американското здружение на Њујорк, ко-основано од активистката Линда Сарсур, која помогна во организирањето на протестот „Да го преплавиме Њујорк за Палестина“ во кој учесниците повикаа на уништување на Израел.
Адала директно од фондацијата на Сорос добиле околу 1,5 милиони долари.
Еврејски глас за мир и Ако не сега, кои од Фондацијата на Сорос добиле 650 односно 400 илјади долари, се уште две групи кои учествуват во протестите против Израел по масакрот од 7 октомври. Еврејски глас го обвинува Израел за нападот од 7 октомври, пишувајќи „Израелскиот апартхејд и окупација - и соучеството на САД во репресијата - се извор на сето ова насилство.“