Кога американскиот претседател Џо Бајден неодамна потпиша грант од 80 милиони долари за Тајван за купување американска воена опрема, а официјален Пекинг стандардно реагираше дека „жали и се спротиставува“ за обичниот набљудувач тоа и не изгледаше ако вест.
Пара ли се 80 милиони долари? Тоа е помалку од цената на еден модерен борбен авион а Тајпеј веќе има нарачано американска воена опрема вредна над 14 милијарди долари.
Што прават разлика 80-те милиони долари? Прават разлика затоа што не се заем, туку пари директно од американските даночни обврзници. За прв пат по повеќе од 40 години, Америка користи свои пари за да испрати оружје на место кое официјално не го признава.
Ова се случува во рамките на програмата наречена странски воени финансии преку која биле праќани милијарди во Авганистан, Ирак, Израел и Египет... Но, до сега тоа било правено само за земји или организации признати од Обединетите нации. Тајван не е.
44 години САД му продава оружје на Тајван по клучот: доволно да може да се брани, но не премногу за да не се дестабилизираат односите меѓу Вашингтон и Пекинг. Но, во последната деценија воената рамнотежа во тајванскиот теснец драматично се сврте во корист на Кина.
Затоа оние 80 милиони се само врвот на санта мраз: во јули Бајден искористи дискрециони овластувања за одобрување продажба на воени услуги и опрема во вредност од 500 милиони долари на Тајван.
Првпат после 70-тите, Тајван се готви во САД на обука да прати и два пешадиски батаљона.
Клучни се сепак парите а ти можат да бидат и 10 милијарди долари во наредните пет години за што во Конгресот има повеќе расположение отколку за Украина.
Но, уште долго Тајван на воена поле би бил лесен залак за Кинезите а листата на неговите проблеми е долга: немање доволно модерни против-воздушни системи и ракети, имаат стотици стари тенкови, немаат доволно човечки капацитети (некои единици се пополнети само 60%), а воената доктрина и тактиките не им се апдејтирани половина век.