Мажите јуначки се повлекоа од кујните

Едно ново истражување открива дека е зголемен јазот меѓу половите на тема кој повеќе готви по дома. Жените готват повеќе оброци од мажите во речиси секоја земја во светот. Освен во една.

Во 2022 година жените готвеле во просек нешто помалку од девет оброци неделно. Мажите околу четири.

Кога во 2018 година вакво истражување почнаа да прават Галуп и Кукпад, родовите улоги околу шпоретот беа традиционалистички поставени, но ситуацијата се смени за време на пандемијата кога мажите почнаа почесто да влегуваат во кујна.

„Секоја година откако започна студијата, јазот се намалуваше. До сега,“, вели Ендрју Дуган, истражувачки директор во Галуп.

Последните резултати кои укажуваат на пресврт во трендот и за него се изненадувачки. Генерално, лани жените го држеле истото свое темпо, ама мажите издишале па готвеле помалку од еден оброк неделно.

Половиот јаз варира од земја до земја. Во Америка жените се просечно плус два оброка неделно од мажите. Најголеми разлики има во  Етиопија, Таџикистан, Египет, Непал и Јемен, каде жените прават околу осум повеќе оброци неделно од мажите. Земјите со најмали родови разлики во готвењето се групирани во Европа, вклучувајќи ги Шпанија, Англија, Швајцарија, Франција и Ирска.

Има само една земја во која мажите готват повеќе од жените.

Италија.

А кога се спомнуваат италијански мажи со страст за готвење и притоа мора се се соочат со енглески трупови кои ги богохулат рецептите, нам ни текнува на Џино Д'акампо.

 

 

 

 

5 ноември 2023 - 10:45