Се работи за Панцир системите, а тоа што не е познато е дали испораката е веќе завршена или кај и да е треба да се заврши. Американските извори тврдењата ги базираат на следење на движењето на системите и делумно на информации добиени од разговорите меѓу Асад, Вагнер и Хезболах околу испорака на системот.
Борците на Вагнер и Хезболах со години соработуваат на сириска територија заедно со припадниците на руската и сириската армија.
И пред последната војна во Израел, израелската војска во неколку наврати ги таргетираше руските ракетни системи на сириска територија како дел од борбата против иранските платеници.
Процената на американските шпиони е дека Иран и неговите соработници за сега го „калибрираат“ својот одговор на воената интервенција на Израел во Газа за да избегнат директен конфликт со Израел и САД.