Порота во Калифорнија му додели 332 милиони долари на човек кој го тужеше хемискиот гигант Монсанто дека неговиот рак е поврзан со децениско користење на неговиот популарен „убиец на плевел“, Раундап.
На 57 годишниот Мајк Денис пред три години му беше дијагностицирана ретка форма на не-Хочкинов лимфом. Неговата тужба тврдеше дека неговата болест е поврзана со активната состојка во Раундапот, озлогласниот глифосат. После третманите ракот е повлечен но лекарите еркле дека е многу можно тој да се врати.
Адвокатите на Баер кој го купи Монсанто во 2018 година за 63 милијарди долари рекоа дека пресудата е неоснована, а отштетата превисока.
Тие на грб имаат илјадници тужба по истата основа.
Првпат за Монсанто, Раундап и глифосатот ние пишувавме во 2019 година, за тужба на извесен Едвин Хардеман (кој подоцна доби 90 милиони долари).
Во 2020 година, Баер соопшти дека е подготвен да плати 10,9 милијарди долари за подмирување на околу 125.000 поднесени и неподнесени побарувања. Лани Врховниот суд го отфрли овој обид на Баер да затвори илјадници тужби.
„Глифосат е нешто за кое СЗО вика, баталете тоа, могуче да прави рак. А во развиени земји се користи толку масовно, што и да не го користите, ќе ви дојде преку дождот“, пишавме во статијата Пиво, вино, глифосат.
Види и: