Безос пребега од Сиетл во Мајами

Човекот кој го основаше Амазон во гаража во Сиетл во 1994 и од тогаш придонесе милијарди долари во развојот на градот, одлучи дека градот му е веќе станат неподнослив за живеење, веројатно на негова возраст идентично не се трпи ни тамошната клима, ни тамошната идеологија, и дека ќе се пакува за Мајами.

Растот на Сиетл, и посебно областа во која се наоѓа Амазон, е директно поврзан со растот на Амазон. Компанијата помага градот да се претвори во технолошки хаб на ниво на САД и доведе до наплив на високо платени технолошки работници.

Лоша страна на ова е што кога дојдоа програмерите скокнаа кириите во градот, а со тоа и бројот на бездомници.

На заминувањето од Сиетл му претходеше напуштањето на позицијата ЦЕО на Амазон и постепена транзиција во претседател на бордот на компанијата. Неодамна Безос купува два имота во Индиан крик во Мајами (место локално познато како „бункер на милијардери“) во вредност од 150 милиони долари.

Заминувањето Безос го објави на Инстаграм, порачувајќи дека во Сиетл живее подолго од каде и да е и дека градот „секогаш ќе има посебно место во неговото срце.“

 

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Jeff Bezos (@jeffbezos)

 

6 ноември 2023 - 09:59