Исмаил Ханија е прв човек на политбирото на Хамас и ја предводи владата на Газа. Од 2019 живее во хотели Турција и Катар, и е татко на 13 деца. Поседува приватен авион, а главниот семеен бизнис се недвижнини. Богатството на семејството Ханија се проценува на 2,5 милијарди долари.
Халид Машал е претходник на Ханија на раководната позиција на политичкото крило на Хамас. Во 2012 тој бега од Дамаск за да ја избегне Арапската пролет во Сирија и се сместува во Катар, од каде раководи со недвижностите и финансиските трансакции за Хамас. Кога се преселува во Катар се верува дека зема и 1,5 милијарди долари од седиштето на Хамас во Дамаск.
Муса Абу Марзук го сметаат за втор човек во Хамас. Тој минува 14 години во САД, по што се сели од Јордан во Сирија и на крај во Египет, каде ги преставува Хамас и Газа како министер за надворешни работи. Неговото богатство е проценето на две милијарди долари.