Германија, имаме проблем

Нашиот свет е во хаос, и ние сме сред хаосот. Од терористичкиот напад на Хамас врз Израел се соочуваме со нова димензија на омраза во нашата земја - против нашите вредности, демократијата и против Германија, пишува Билд во воведот на својот Манифест за Германија.

Изминативе денови го обелоденија она што долго време зовриваше во нашето општество: Во нашата држава има многу луѓе кои се против нашиот начин на живот. Луѓе кои го слават убивањето на недолжни цивили. Луѓе кои ги учат своите деца да мрзат други, бидејќи биле „неверници“. Луѓе кои сакаат да им забранат на жените да носат сукњи или пантолони. Луѓе кои го презираат Уставот и наместо тоа слушаат радикални проповедници. Луѓе кои ја искористуваат толеранцијата затоа што сакаат поинакво општество.

Ние не смееме да го прифатиме ова! Ова не смее да продолжи!

Германија мора да каже НЕ! На анти-семитизмот, мизантропијата и на сите оние кои нам ни велат „не“.

Затоа што во нашата прекрасна и отворена држава, достоинството на кој било човек е неприкосновено: без разлика каква боја на коса има, или кој јазик таа го зборува, или во што верува. Мораме да го одбраниме ова! Ако сега потклекнеме, ќе паднеме.

Затоа Билд напиша манифест.

Еден вид куќен ред, водилка за она што нашето слободно општество ќе го држи заедно. Овој текст е посветен на сите што живеат во Германија.

Затоа што: Никогаш повторно е сега!

Од 2015 нашата држава прими над 3 милиони бегалци, од кои голем број од арапскиот свет. Ни држевме знаци за „добредојде“. „Ние можеме“ беше мантрата на канцеларката Меркел.

Но, сликите на овие страници покажуваат дека не сме успеале јасно да покажеме што очекуваме од секој што сака да живее во држава како нашата. Дека не сакаме да го менуваме нашиот начин на живот само затоа што имаме гости.

И заборавивме дека има два збора кои се многу поважни од „Ние можеме“. Тоа се „Никогаш повторно“! А „Никогаш повторно“ е сега. Тие значат: Никогаш повторно анти-семитизам во Германија, никогаш повторно тиранија и расизам. Сето ова се однесува на сите луѓе кои живеат во оваа држава.

 

Манифест во 50 точки.

1. Членот 1 од Уставот на Германија важи за сите што живеат во земјата: „Човековото достоинство е неприкосновено.“

2. За нас нема неверници! Секој може да верува во што сака - па дури и во Дедо Мраз.

3. Секој што го смета нашиот устав и нашиот правен систем за колекција од необврзувачки препораки треба што поскоро да ја напушти Германија.

4. Секој што сака трајно да живее тука мора да научи германски. Само кога сите го зборуваме истиот јазик ќе можеме да се разбереме едни со други.

5. Секој може мирно да демонстрира во Германија за своите уверувања. Слободниот говор не вклучува заканување на луѓе, напаѓање, фрлање камења, палење коли или славење убијци.

6. Ние не носиме маски или шамии: се гледаме еден со друг во лице (освен ако не е карневал или корона).

7. Почитта и добротворноста го одржуваат нашето слободно општество.

8. Имајќи го предвид најмрачното поглавје во нашата историја, безбедноста на Израел е германски национален интерес! Ова значи: неизбежно застанување во одбрана на безбедноста на израелскиот народ. Критиките на израелската политика, секако, се дозволени.

9. Ние велиме те молам и благодарам.

10. Со задоволство се ракуваме како поздрав или збогување.

11. Полицијата ја сметаме за „пријател и помошник“, а не репресивна сила или непријател.

12. Голем број Германци јадат свинско. Секако, не сите. Инаку: имаме 10 милиони вегетаријанци или вегани заради слободата која исто така минува и низ стомакот.

13. Државата има монопол на насилство. Освен државните агенции, никој нема право да користи насилство против други луѓе или предмети.

14. Ние прифаќаме дека нашиот слободно избран парламент ги поставува правилата за наша коегзистенција, која може да биде контролирана преку независно судство.

15. На луѓето им е дозволено да сакаат и мажи и жени. Кој има проблем со тоа е проблем самиот по себе. Сакај и остави да сакаат!

16. Дури и ако некој не се чувствува ни како машко или женско, тој не може да биде прогонуван или казнуван. Во нашата држава на граѓаните им е дозволено да размислуваат слободно и да живеат поразлично.

17. Социјалните служби не ги сметаме како работодавци туку како институции кои им помагаат на луѓето кои имаат финансиски потреби, луѓе кои не можат да работа. Не луѓе кои не сакаат да работат.

18. Го почитуваме судството затоа што суди без предрасуди.

19. Жените носат бикини или костими за капење на базените. Ако некој сака и гол да плива на Балтичкото море - и тоа е ок!

20. Мажите и жените се еднакви во секој поглед.

21. Еднаквоста важи и во платите (тука уште имаме да работиме)!

22. Разговараме контроверзно и пасионирано, но не ги навредуваме оние со поинакви мислења.

23. Толерантни сме кон толерантните.

24. И немаме толерантност кон нетолеранцијата!

25. Огномети користиме само за новогодишната вечер, значи само кога е дозволено.

26. Не палиме знамиња на држави кои не ги сакаме. Тоа е кривично дело.

27. Ги почитуваме сите религии, но јасно ја одделуваме религијата од државата.

28. Жените кои вршат прељуба не се отфрлаат, не пак да се тепаат или каменуваат! Во случај на развод, за децата важи заедничко старателство. Не е важно кој направил бракот да пропадне.

29. Не мора да си девица за да влезеш во брак.

30. Оние кои бараат заштита од политички прогон или војна во Германија ќе го најдат. Дури и оние кои не можат да се пожалат на такво нешто често пати можат да останат. Ние не очекуваме благодарност иако тоа би било соодветно. Меѓутоа бараме стриктно почитување на нашите закони и почитување на нашите вредности и начин на живот.

31. Не дозволуваме деца да влегуваат во брак. А мажите не можат да имаат повеќе од една жена.

32. Жените сами одлучуваат - исто како и мажите - како ќе се облекуваат, со кого ќе бидат пријатели, кого ќе сакаат, дали попрво би оделе во клуб или во црква, за кого ќе гласаат, и која професија ќе ја одберат.

33. Германија е скараџиска држава. По пикник во паркот, ѓубрето го земаме со нас.

34. Ножевите припаѓаат во нашите кујни, не во нашите џебови.

35. Плаќаме даноци бидејќи тие се основата на државата.

36. Кога жена ќе му каже не на маж, тоа е крајно и апсолутно. Се друго преставува сексуално малтретирање и силување.

37. Очекуваме секој кој може и му е дозволено, да бара вработување и да обезбедува за себе си - дури и ако социјалната помош што ја прима првично би можела да е повисока од неговата плата.

38. Во Германија има задолжително образование. Ние веруваме во важноста на образованието и учењето.

39. Во автобусите и возовите им стануваме на постари или изнемоштени лица.

40. Живели, Германија! Пивото и виното се дел од нашата култура. Почитувајте ја, а ако не сакате да пиете, тогаш не пијте.

41. Колку е долга или кратка сукњата одлучува жената што ја носи.

42. Оние кои не можат да толерираат карикатури на политичари, славни личности, богови или пророштва немаат место во Германија.

43. Медиумите ги преиспитуваат политичарите, но ние генерално им веруваме на избраните политичари да одлучуваат искрено и за доброто на луѓето.

44. Чест не значи дека најсилниот е во право.

45. Почитувањето и благодарноста во нашите социјални кругови се природни исто како што се и во супермаркетите и во канцелариите.

46. Се обидуваме да ја заштитиме природата и да ги зачуваме ресурсите. Одржливоста е иднината.

47. Германија има срце за децата. Тие не се тепаат туку се подржуваат.

48. Свиркањето и довикувањето жени е малтретирање.

49. Момчињата и девојчињата можат да одат на екскурзии, да учествуваат во спортови, и да вежбаат пливање, заедно.

50. Ние го сакаме животот, не смртта.

Билд

31 октомври 2023 - 14:22