Нашиот свет е во хаос, и ние сме сред хаосот. Од терористичкиот напад на Хамас врз Израел се соочуваме со нова димензија на омраза во нашата земја - против нашите вредности, демократијата и против Германија, пишува Билд во воведот на својот Манифест за Германија.
Во терористичкиот напад на две џамии во Крајстчрч, Нов Зеланд od 15.3 беа убиени најмалку 49 луѓе, а 20 беа ранети. Убиецот, кој е уапсен, претходно напишал анти-имигрантски манифест, во кој, меѓу другото, цитира една славна песна.
Во мај оваа година, по повод 170-годишнината од објавувањето на „Комунистичкиот манифест“ на Маркс и Енгелс, излезе илустрирана адаптација на истиот. Освен неколку страници проза, целото дело е презентирано во стил на графичка новела.
Декември 2013. Четворица ентузијасти се собираат во „Цреша“ и го формираат јадрото на замислената внатрешно-револуционерна јазичка организација „Зборци“, чија цел е вбризгување свежина во употребата на македонскиот јазик и борба против замислените грама-наци величини.
До сега, најголемиот дел од вас слушнаа за т.нр анти-разноликост манифест на Гугл и како Џејмс Дамор, инженерот што го напиша беше отпуштен од работа, пишува во својот текст за Глоб енд меил, Дебра Сох, докторка по сексуална неврологија од Универзитетот Јорк.
Пoранешен уредник во Гардијан, Тим Радфорд, го кондензира своето новинарско искуство во јасни, иако понекогаш сурови правила за оние со амбиција да се занимаваат со оваа професија.
„Уметниците преземаат ризици кои еден технократ никогаш нема да ги преземе. Уметникот ризикува сè во сè што прави. Ризикот е она што го одделува уметникот од занаетчијата. Уметноста не е кариера, таа е копнеж,тежнение, одговор на повик.“
„Еден новинар во денешно време не треба да падне во бескорисен очај заради работите кои не можат да се променат. Не е проблем како да се зачува слободата на печатот - новинарот мора да најде начин како самиот да остане слободен", напишал Алберт Ками во до скоро непознатата статија, која ја објави Le Monde.