Мартин Роусон, кој себеси се опишува како „професионален сатиричар“, на 15 години го прочитал „Манифестот“ и веднаш ги сфатил поентите за класниот конфликт и наближувачката победа на експлоатираните во однос на нивните опресори. Особено му оставила впечаток комбинацијата на разум и романтицизам. „Без восхитен не само од универзалниот призвук на манифестот, туку и од неговата игривост - делови од него беа навистина смешни“, вели тој.
Идејата за илустрирање на манифестот во него тлеела цели триесет години, и е остварена дури неодамна. Тој го има замислено како мешавина на индустријализиран стимпанк кој мириса на крв и железо и стендап комедија, со нота на валканост и апсурдност како кај Рабле. Маркс, тврди тој, би уживал во ваквите комбинации.
Најважниот дел од „Комунистичкиот манифест“ според авторот е анализата на тоа како аморалниот капитализам ги комодифицира човечките суштества и ги сведува на машини од месо, кои постојат само за да бидат „молзени“ и да ги збогатуваат и онака пребогатите.
170 години откако Маркс и Енгелс го напишале ова дело, 43 поединци во светот поседуваат богатство колку и половина човештво. Маркс дури сега би имал што да каже, или би го повторил, но сега уште поаргументирано, она што е веќе содржано во Манифестот.