Во мај оваа година, по повод 170-годишнината од објавувањето на „Комунистичкиот манифест“ на Маркс и Енгелс, излезе илустрирана адаптација на истиот. Освен неколку страници проза, целото дело е презентирано во стил на графичка новела.
Фридрих Енгелс живеел две децении во Манчестер. Страшните услови за работа во тогашната колевка на индустриската револуција биле поттик за неговите дела. Но градот никогаш не му се оддолжил. Сè до сега.