Лондонската хуманитарна организација „Акјумулејт“ објави „искрена и болна“ илустрирана книга, во која 18 луѓе го споделуваат своето искуство со бездомништвото.
Главен лик во графичката новела е научник чии книги беа на листата на бестселери на Њујорк тајмс, и кој предаваше на престижен универзитет. Случајно или не, и нејзиниот автор е исто така поранешен нуклеарен инженер, кој се најде на бестселер листата на Њујорк Тајмс и во моментов е библиотекар на Универзитетот Мичиген. Некако е логично што токму тој се фатил со претставување на славниот теориски физичар и космолог.
Уметникот Паоло Париси до сега има правено графички новели за сликарот Жан Мишел Баскијат и за џезерот Џон Колтрејн. Сега негова тема е една од најголемите пејачки на сите времиња.
Во мај оваа година, по повод 170-годишнината од објавувањето на „Комунистичкиот манифест“ на Маркс и Енгелс, излезе илустрирана адаптација на истиот. Освен неколку страници проза, целото дело е презентирано во стил на графичка новела.
Насловот на книгата е „Сабрина“, и е трилер-дистопија во која се истражува исчезнувањето на една млада жена. Навиваме за неа на непрочитано, заради поддршка на медиумот на графичкиот роман, кого многумина неправедно го потценуваат.
Во мај ќе излезе долго очекуваното продолжение на книгата на Паланиук, според која беше направен антологискиот филм со Бред Пит и Едвард Нортон. Ликот на вториов во меѓувреме се оженил и станал мифка, ама Дарден нема да го остави уште долго на раат.
Канадскиот стрип цртач и аниматор Ги Делил (Guy Delisle) е еден од ретките кои не само што легално влегол во Северна Кореја, туку таму поминал и неколку недели. Врз основа на неговите искуства напишал графичка новела.
Зависник, лажго, крадец, социопат, хедонистички кршач на законот - сè на што асоцира на прва рака таткото на Гонзо новинарството е содржано во оваа нова графичка биографија на немиркото од Луисвил, кој стана глобална книжевна икона.