Рум биографија

Стрип за Хантер С. Томпсон

Зависник, лажго, крадец, социопат, хедонистички кршач на законот - сè на што асоцира на прва рака таткото на Гонзо новинарството е содржано во оваа нова графичка биографија на немиркото од Луисвил, кој стана глобална книжевна икона.

Антони Хоуп-Смит, илустратор на книгата, изјавил дека тој и авторот Вил Бингли не сакале премногу да се одалечат од концептот на „Страв и омраза во Хантер", но истовремено сакале да ја прикажат и неговата хуманост, преку суптилноста на изразот и јазикот на телото. Така сакале да направат рамнотежа помеѓу човекот и неговото дело, нешто што во случајот со Хантер е секако тешко да се постигне.

Графичките новели, ако се добро направени, се супер начин за запознавање со нечие творештво и живот (за една за Џони Кеш веќе пишувавме). Еве неколку илустрации од оваа за Томпсон, кои ветуваат...

 

 

 

 

 

29 мај 2012 - 11:29