Ново од Паланиук

„Боречки клуб 2“

Во мај ќе излезе долго очекуваното продолжение на книгата на Паланиук, според која беше направен антологискиот филм со Бред Пит и Едвард Нортон. Ликот на вториов во меѓувреме се оженил и станал мифка, ама Дарден нема да го остави уште долго на раат. 

„Побогу, цела генерација ни работи на бензински, служи по маси, сите робови со бели јаки. Рекламирањето нè тера да трчаме по автомобили и по облека, да работиме нешта кои ги мразиме за да можеме да купиме срања што не ни требаат. Ние сме средните деца на историјата, човече. Без цел или место. Немаме Голема војна. Немаме голема Депресија. Нашата Голема војна е духовна војна, нашата Голема депресија се нашите животи. Сите сме растени на телевизија, за да веруваме дека еден ден ќе можеме да бидеме милионери, и филмски богови и рок ѕвезди. Но не сме. И полека го сфаќаме тој факт. И сме многу, многу накурчени".

Ова е еден од антологиските монолози на Тајлер Дарден од „Боречки клуб", книгата на Чак Паланиук и исто толку славниот филм на Дејвид Финчер од 1999. Долго очекуваното продолжение на книгата ќе излезе на 27 мај, и ќе се состои од серија од 10 графички новели.

 

Дејството се одвива десет години по крајот на претходниот роман. Во овој го откриваме името на нараторот - Себастијан - и присуствуваме на неговата свадба со девојка му Марла (во филмот ја играше Хелен Бонам Картер).

Уметнички директор на серијата е Камерон Стујарт, кој изјавил дека се чувствувал по малку ограничен од мега-популарноста на филмот. Toa претпоставувало дека ликот на Дарден ќе мора да личи на Бред Пит, што пак законски (заради авторските права на филмот) не било остварливо. Затоа сега тој повеќе личи на некаков суперхерој, на пример на Тор. За разлика од него, „другиот“ Тајлер загубил од неговиот бунтовен карактер:

„Види го. Се нарекува Себастијан. А пред десет години тој беше предодреден да биде втор Александар Велики. Нов Џингис Кан" - пишува Паланиук. „Си ја продаде армијата...за што?"

Но ако алтер-егото на Дарден потклекнало под животната рутина, неговиот 9-годишен син е на добар пат да ги исполни неговите претходни амбиции, правејќи барут во неговата соба. Бракот на Себајстијан и Марла така во еден момент излегува од досадата, кога момчето е киднапирано од Тајлер.

Логичен следен чекор е и продолжение на филмот. А до тогаш...

Уште цртежи од новата книга тука

26 февруари 2015 - 08:39