Во текстот со наслов Идеолошката ехо-комора на Гугл, Дамор ја прозва актуелната култура на политичка коректност, објаснувајќи дека родовиот јаз во разноликоста во Гугл не е последица на дискриминација, туку на наследни разлики во она за што мажите и жените се заинтересирани. Даниел Браун, новата потпретседателка на Гугл за разноликост, интегритет и управување, го обвини меморандумот за промовирање на "некоректни претпоставки околу родовите", а Дамор ноќеска потврди дека тој би отпуштен заради "продолжување на родовите стереотипи".
Без разлика како е претставен, меморандумот беше фер и со точни факти. Научните студии потврдија дека постојат полови разлики во мозокот кои доведуваат до разлики во нашите интереси и однесување.
Како што беше спомнато во меморандумот, интересите на родовите можат да бидат предвидени од изложеноста на тестостерон во предпородилниот период - повисоките нивоа тестостерон се поврзуваат со наклоност кон механички интересни работи и занимања на постари години. Пониските нивоа тестостерон се поврзани со наклоноста кон активности и занимања ориентирани на луѓе. Ова е причина зошто во СТЕМ (science, technology, engineering, mathematics) полињата обично доминираат мажи.
За ова гледаме докази и кај девојки со генетска состојба наречена вродена хиперплазија на надбубрежна жлезда (Congenital adrenal hyperplasia), кои се изложени на невообичаено високи нивоа на тестостерон додека биле во матката. Кога ќе се родат, овие девојки повеќе претпочитаат типично машки играчки со тркала, како камиони, дури и кога нивните родители им даваат повеќе позитивен фидбек кога тие си играат со типично женски играчки како кукли. Слично, машките кои се повеќе заинтересирани за типично женски активности најверојатно биле изложени на пониски нивоа на тестостерон.
Исто така, нови истражувања од полето на генетиката покажуваат дека тестостеронот го менува програмирањето на невралните стем клетки, доведувајќи до сексуални разлики во мозокот дури и пред да биде завршено неговото развивање пред породувањето. Ова дополнително покажува дека нашите интереси силно се одредени од биологијата, наспроти тоа да бидат научени или научени од општеството.
Голем број луѓе, вклучително и поранешен вработен на Гугл, се обидоа да ги отфрлат поентите на меморандумот, обвинувајќи дека тие се спротивни на најновите истражувања.
Би сакала да знам на кои "истражувања спроведувани [...] со децении" тој мисли, бидејќи илјадници студии покажуваат дека е спротивно. Една единствена студија, објавена во 2015, тврди дека машкиот и женскиот мозок постојат во "мозаик" и дека е невозможно тие да се разликуваат според пол, меѓутоа таа од тогаш е отфрлена од четири - да, четири - академски студии.
Во нив е вклучена и студијата која ги анализира потполно истите податоци од оригиналната студија и заклучува дека полот на одреден мозок може да биде утврден со точност од 69 до 77 проценти.
Секако, постојат разлики на индивидуално ниво, и ова не значи дека околината нема никаква улога во нашето оформување. Меѓутоа да се тврди дека нема никакви разлики меѓу половите кога го гледаш просекот на групата, или дека културата има поголемо влијание отколку биологијата, едноставно не е точно.
Всушност, истражувањата покажаа дека кај културите со поголема родова еднаквост постојат поголеми разлики меѓу половите кога се во прашање преференциите за професија, бидејќи во овие општества луѓето се слободни да ја избираат својата професија врз основа на она во што уживаат.
Како што кажува и меморандумот, барањето да се исполни квотата од 50% жени во СТЕМ е нереалистично. Како што родовата еднаквост продолжува да се подобрува во развиените општества, така ние треба да очекуваме да се прошири родовиот јаз.
Овој тренд исто така продолжува и на полето на личноста. Наспроти она што негаторите би сакале да верувате, жените имаат повисок просек на нервни растројства и на сожалување, а понизок кај толеранција на стрес.
Некои намерно ја отфрлаат науката бидејќи се плашат дека таа ќе биде искористена за да го оправда малиот број на жените во СТЕМ. Меѓутоа шовинизмот не е резултат на познавање на фактите; тој е резултат на она што луѓето избрале да прават со нив.
Токму против ова треба да биде насочен гневот на топлата, наместо против отфрлање на биолошката реалност и подготвеноста да се потроши цел викенд на клеветење маж додека тој не ја изгуби својата работа. Во овој момент, како што беше навестено во манифестот на Дамор, ние повеќе треба да бидеме загрижени околу гледиштата на разноликоста отколку на разноликоста која врти околу родови.